Директор на компанија ги чести вработените: Сите 800 работници одат на крстарење за Нова година!
Објавено во: Свет 28 Декември, 2016
Благодарение на идејата на шефот на компанијата „Bertch Cabinets“, вработените на тој произведувач на плакари студениот јануари во американската сојузна држава Ајова ќе го заменат со сонце и плажите на Карипскиот остров.
Сите вработени на оваа компанија од градот Ватерло, повеќе од 800 од нив, во почетокот на наредната година ќе отидат на бесплатно крстарење, најавуваат од таа компанија.
„Заминуваме на 8 јануари. Прво со четири чартер летови ќе отпатуваме во Мајами каде ќе престојуваме во хотел од пет ѕвезди. Потоа во понеделникот на 9 јаунари ќе тргнеме на крстарење“, рекол за Ватерло Седар Фолс Куриер претседателот на компанијата .
Бериќ на вработените им рекол дека крстарењето е награда за остварените бизнис цели.
Претседателот на компанијата пред година дена крстарењето им го понудил на вработените како поттик .
„Се обидовме да ги мотивираме нашите вработени да ги остварат целите, како оние насочени на нашите клиенти, така и оние финансиските“, додал Бертиќ.