„Дизајн меѓу полици“ – нова акција со брендирани производи за домот во „Литература.мк“
Објавено во: Мои пари 04 Март, 2022 13:44
Дизајнирани производи за кујната и домот, уникатни додатоци за во канцеларија, како и „смарт“ уреди од познати интернационални брендови, се дел од продажната акција „Дизајн меѓу полици“ на „Литература.мк“, што ќе трае од 4 до 13 март.
Со специјални попусти се селектирани производи од најбараните европски дизајнерски компании за домот: Gingkо („Гинко“), Lexon („Лексон“), Fundamental Berlin („Фундаментал Берлин“), Alessi („Алеси“), Egan („Еган“), CV Cristal („Си-ви Кристал“), Baci Milano („Бачи Милано“) и Manopoulos („Манополус“). Со секоја сметка над 900 денари од брендовите Egan и CV Cristal следува подарок книга. На попуст до 50 отсто се повеќе книги, како и сетови со неколку наслови во издание на „Арс Ламина“.
Дел од производите на наградуваниот британски бренд за иновативни, минималистички и стилизирани производи, Gingkо („Гинко“), се на 30 отсто попуст. Станува збор за уникатни додатоци и подароци што им даваат нов, модерен изглед на домот или канцеларијата: светлосен будилник, дрвен звучник, дрвен звучник, декоративна ламба, ламба за работна маса и дигитален часовник.
Во 30 отсто попуст се и дел од производите на повеќекратно наградуван француски бренд Lexon („Лексон“), кој соработува со познати дизајнерски имиња и има препознатливи производи за домот, канцеларијата, за урбаните номади и бизнис-класата, која е во постојано движење. На попуст се производи што ќе го надградат вашиот работен простор: дизајнирани ламби од мермер, станици за безжично полнење со вградена УВ-дезинфекција и метален катанец.
На 25 отсто попуст се производите од германскиот бренд за дизајнирани украси за домот инспирирани од математиката на природата – Fundamental Berlin („Фундаментал Берлин“). На листата се: метален држач за салфети, сет со две метални подлошки, метален послужавник, декоративен сад и ваза со уникатна геометриска форма.
Со секоја сметка над 900 денари од брендовите Egan и CV Cristal следува подарок книга по избор: „Подарокот“, „Е, баш ме заболе!“, „Мојата прекрасна сопруга“ и „Заеднички стан“.
Италијанскиот бренд Egan („Еган“) во „Литература.мк“ е застапен со ламби, вази, шолји за кафе и чај, сетови со шолји и чајници со препознатливи артистички илустрации.
CV Cristal („Си-ви Кристал“), пак, кој исто така е италијански бренд за уникатни производи за домот, е преставен со дизајнерски вази, саксии, декоративни чинии и садови.
Препознатливите производи за домот од линијата Regina, од италијанскиот бренд Baci Milano („Бачи Милано“), се на 20% попуст. Станува збор за ламби, сад за шеќер + лажица, квадратен и правоаголен послужавник и вази во неколку димензии, како и сет шолји.
Со секој купен производ од брендот Baci Milano следува 20% попуст на сет карти и сет покер во дрвена кутија од грчкиот бренд Manopoulos („Манополус“).
Во рамките на акцијата со специјален попуст се и повеќе сетови книги: „Бебето на Бриџит Џонс“ и „Дневникот на Бриџит Џонс“ за 349 денари; „Отчукувања и список за душа“ за 399 денари; „ПС ми се допаѓаш“ и „Јас сум Миа“ за 369 денари; „До последна нота“ и „Американски брак“ за 449 денари; „Заговор против Дијана“ и биографиите за принцот Хари и за Кејт Мидлтон за 499 денари.
Каталогот од акцијата „Дизајн меѓу полици“ можете да го разгледате ОВДЕ
Попустите на книгите важат и за онлајн нарачки преку http://www.literatura.mk на ОВОЈ ЛИНК
Сите производи од каталогот се застапени во „Literatura.mk Superstore“ во „Сити мол“ и „Ист гејт мол“. Избрани производи се достапни во „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“ и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и во Струмица, на улица „Благој Јанков-Мучето“, бр. 4.
Ве очекуваме!
ПР објава
Можеби ќе ве интересира
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА




