17 Декември, 2025
0.1413

ДО ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ ЌЕ СТИГНАТ ПРЕКУ БУГАРИЈА ИЛИ МАКЕДОНИЈА: Србите ни образложија која опција ја бираат

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2025 07:31

Добивај вести на Viber

За летните одмори, дел од српското население до Грција ќе патува преку Македонија, а дел преку Бугарија, соседна земја која неодамна влезе во шенген зоната. По тој повод прашавме повеќе српски граѓани, кој пат ќе го изберат за да стигнат до Грција и зошто.

Наташа Милановиќ без двоумење вели дека ќе патува преку Македонија.

Најбрзо и најблиску е преку Македонија, нема причина да се оди преку Бугарија. Кај вас сè е поевтино, буквално сè и може да има гужва на границата со Грција, ама патот е наједноставен и полесен. Имам познаници во Македонија и знам какви се цените. Знам дека луѓето одат во Дојран кога има гужва на Богородица“, објаснува Милановиќ.

Друга млада девојка од Србија вели дека ќе патува преку Македонија поради тоа што оваа релација е најкратка до Грција.

Јас не сакам преку Бугарија затоа што ми е подалеку. Не одам во правец на Атос или Кавала. Но, јас не застанувам, само плаќам патарина и тоа е тоа. За транзит единствено што ми е битно е што побрзо да поминам и во Македонија трошам пари само за патарини. Ни гориво не полнам, затоа што имам лошо искуство. Кафеаните се одлични, но не свраќам затоа што има доста за возење понатаму“, објаснува Драгана Миковиќ.

Србинка од Зворник, од Босна и Херцеговина(БиХ) исто планира да патува во Грција минувајќи низ Македонија.

„Ние сме од Босна, одиме во Србија, па во Македонија, престојуваме во Стар Дојран, тука преспиваме и наутро сме на граница“, вели оваа жена.

Жителка на српскиот град Крагуевац објаснува дека уште не одлучиле по која рута ќе стигнат во Грција.

„Не знаеме уште и сега бараме сместување да си резервираме. Досега не сме оделе и не можам да кажам по кој пат ќе стигнеме во Грција“, додава жителката на Крагуевац.

Но, дел од дојранчани се плашат дека поради тоа што Бугарија влезе во шенген, ќе ги изгубат српските туристи и веруваат дека некои од нив ќе ја заобиколат Македонија.

Бугарија влезе во Шенген зоната на 1 јануари 2025 година и се укинаа граничните контроли меѓу Бугарија и Грција.

Анкета која ја направи српски портал покажала дека 40 отсто од испитаниците се заинтересирани да патуваат преку Бугарија, додека 20 отсто рекле дека ќе одлучат во зависност од состојбата на граничните премини. Но, 30 отсто кажале дека и натаму ќе ја користат македонската рута. Само по Коридорот 10 низ Македонија транзитираат по 3.5 милиони туристи. Пред неколку години власта го соопшти овој податок. Претходно, во јавноста имаше и критики дека земјава не вложува доволно напори за максимално да профитира од транзитниот туризам. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски