ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА ДА СЕ ВРАБОТАТ ПРВИТЕ 300 ДОКТОРИ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ - за останатите ќе се бара решение следната година
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2024
Во јавното здравство скоро 2.500 лица се ангажирани на нивните работни места преку договори за работа.
Според министерот за здравство, Арбен Таравари, тенденција на новата власт е до крајот на годината да им бидат поделени решенија за врботување барем на дел од нив, или поточно барем на половината.
Тој вели дека ако се изнајде решени со постоечкиот буџет, половина од лицата кои работат на договори ќе добијат трајно решение, додека за оние што ќе останат и понатаму на договори ќе се бара решение следната година, појасни министер Таравари.
Одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот микроскоп во државната Очна клиника, Таравари информира и дека најверојатно до крајот на годината ќе се вработат првите 300 доктори - специјализанти.
- Ќе почнеме од октомври - ноември со апликации и се надевам дека до крајот на годината ќе се вработат првите 300 доктори - специјализанти. Досега се пријавени околу 480 од вкупно 640. Здравството ќе има плус решенија за минимум уште 500 доктори - подвлече министерот.
Според него, мора да се применува праксата на вработување квалитетни кадри, а не по партиски клуч. Треба да се примаат медицински лица, нагласи Таравари, врз основа на нивното знаење, а не врз основа на тоа дали е некој Македонец, Албанец, Турчин...
Фото: Архива