Хируршките сали без компресорска станица до крајот на годината
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2024
Хируршките сали во комплексот клинички центар во Скопје ќе работат без компресорска станица до крајот на годината, а неизвесно е кога ќе ја добијат. Ова го најави министерот за здравство Арбен Таравари,кој посочи дека сѐ уште не знае дали единствената пријавена фирма на тендерот за набавка ги исполнува условите
И со преполовени операциони сали, лекарите добро се снаоѓаат на Клиниката „Мајка Тереза“, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари, по посетата на Универзитетската клиника за очни болести.
Тој се надева дека ќе има нова станица на почетокот на идната година. Министерот најави дека ќе се бара начин да се поправи и старата компресорска станица која може да служи како резерва на Клиниката.
Ова Таравари го кажа на промоцијата на нов апарат во Универзитетската клиника за очни болести, офтамолошки микроскоп со кој ќе можат да се вршат повеќе од 200 операции годишно, според изјавата на министерот кој воедно говореше и за капацитетите на клиниката..