17 Септември, 2024
0.0284

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ДЕМАРШ ДО БУГАРИЈА: Нема веќе меѓународна политика и дипломатија со свиткана кичма

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Maкедонија ќе упати демарш затоа што на средбата на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот колега Румен Радев во Софија минатата недела немаше македонско знаме. 

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема повеќе меѓународна политика и дипломатија со свиткана кичма, секогаш ќе реагираат кога црвените линии ќе се поминат и затоа денеска ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор, Желаско Радуков.

„Во минатото кога се понижуваше и се распродаваше македонското достоинство, тогаш се молчеше се виткаше кичма и се соблазнуваа со тие кои нè понижуваа и газеа. Сега се решаваат на овој начин, дипломатски, се испраќаат протестни ноти, нема веќе меѓународна политика и дипломатија со свиткана кичма. Треба да се реагира кога ќе се помине рубиконот, оти ако не реагирате, тој исклучок ќе стане пракса“, рече Мицкоски.

Тој вели дека во целата ситуација нему му е поважно што светот ги видел вистинските намери на Бугарија кон Македонија.

„Европа и светот на можеа да видат на отворена сцена, а тоа го очекувавме, кои се вистинските намери на водството во Софија, не се Бугарите во Устав, тоа е најмалиот проблем, таму е многу поголема потребата да покажат мускули. Ги покажаа своите вистински намети и светот и Европа можеа да видат дека тоа е многу повеќе од уставните измени“, рече премиерот.

Радуков ќе биде примен од директорот на Директоратот за регионална соработка во МНР и таму ќе му биде врачена приотестна нота – откако тој ќе се врати во државата, најави денеска од МНР.

Радев денеска порача дека посетата на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова била неофицијална и затоа немало истакнато македонско знаме.

Минатата недела додека претседателката даваше изјава пред операта во Софија, бугарски националисти извикуваа дека бараат права за Бугарите во Македонија. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарскиот амбасадор Радуков одбил да ја прими протестната нота од МНР

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарскиот амбасадор Радуков одбил да ја прими протестната нота од МНР

TAРАВАРИ: Данела Арсовска е промашена инвестиција

TAРАВАРИ: Данела Арсовска е промашена инвестиција

СЕМЕЈНИ ПРИЧИНИ ИЛИ ОБРАЗОВАНИЕ: Над 30.000 македонски граѓани лани за прв пат добиле дозвола за престој во EУ

СЕМЕЈНИ ПРИЧИНИ ИЛИ ОБРАЗОВАНИЕ: Над 30.000 македонски граѓани лани за прв пат добиле дозвола за престој во EУ

МНР УПАТИ ПРОТЕСТНА НОТА: Бугарскиот амбасадор не ја прифатил

МНР УПАТИ ПРОТЕСТНА НОТА: Бугарскиот амбасадор не ја прифатил

„ОСТАНАА 10 - 15 НЕРАЗРЕШНИ ДИРЕКТОРИ“: Таравари вели наскоро цел Клинички центар ќе има еден директор

„ОСТАНАА 10 - 15 НЕРАЗРЕШНИ ДИРЕКТОРИ“: Таравари вели наскоро цел Клинички центар ќе има еден директор

Се огласи Радев, посетата на Сиљановска Давкова била неофицијална

Се огласи Радев, посетата на Сиљановска Давкова била неофицијална

ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА ДА СЕ ВРАБОТАТ ПРВИТЕ 300 ДОКТОРИ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ - за останатите ќе се бара решение следната година

ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА ДА СЕ ВРАБОТАТ ПРВИТЕ 300 ДОКТОРИ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ - за останатите ќе се бара решение следната година

Хируршките сали без компресорска станица до крајот на годината

Хируршките сали без компресорска станица до крајот на годината

„ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ПАРИ ЗЕМАЛЕ И ЗА ЛЕПЕЊЕ ПЛАКАТИ НА ТАКСИ ВОЗИЛА“ - министерот Андоновски со сериозни обвинувања

„ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ПАРИ ЗЕМАЛЕ И ЗА ЛЕПЕЊЕ ПЛАКАТИ НА ТАКСИ ВОЗИЛА“ - министерот Андоновски со сериозни обвинувања