17 Септември, 2024
0.0288

„ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ПАРИ ЗЕМАЛЕ И ЗА ЛЕПЕЊЕ ПЛАКАТИ НА ТАКСИ ВОЗИЛА“ - министерот Андоновски со сериозни обвинувања

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

„Во соработка со раководството на ФИТР откривме недоследности во бројни предмети, за дел од нив веќе е побарано враќање на средства, додека за останатиот дел, почнуваме правна и финансиска ревизија за да се открие вистината како се потрошени парите на граѓаните“, истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на гостувањето во емисијата “DailyClick” на ТВ21. 

Андоновски појасни дека поголемиот дел од недоследностите се токму фирми кои се блиски на оската СДСМ-ДУИ кои изминативе години го „ограбиле“ државниот буџет.

„Кај дел од фирмите кои добиле средства имате извештај, кај дел немате. Постојат и фирми кои добиле финансии од фондот за лепење на плакати на такси возила. Имате и примери каде што постои фирма отворена само за оглас од ФИТР, но по завршување на огласот и добивање на проектот, фирмата не ја испорачува својата обврска, и понатаму ја снемува или згаснува“, потенцираше Андоновски.

Тој дополни и дека постојат основани сомненија за злоупотреба на Фондот во периодот на Ковид кризата каде што посочи дека требало да биде фонд за иновации и технолошки развој, но фондот финансирал определени приватни здравствени установи додека државните се соочуваа со здравствената криза.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарскиот амбасадор Радуков одбил да ја прими протестната нота од МНР

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарскиот амбасадор Радуков одбил да ја прими протестната нота од МНР

TAРАВАРИ: Данела Арсовска е промашена инвестиција

TAРАВАРИ: Данела Арсовска е промашена инвестиција

СЕМЕЈНИ ПРИЧИНИ ИЛИ ОБРАЗОВАНИЕ: Над 30.000 македонски граѓани лани за прв пат добиле дозвола за престој во EУ

СЕМЕЈНИ ПРИЧИНИ ИЛИ ОБРАЗОВАНИЕ: Над 30.000 македонски граѓани лани за прв пат добиле дозвола за престој во EУ

МНР УПАТИ ПРОТЕСТНА НОТА: Бугарскиот амбасадор не ја прифатил

МНР УПАТИ ПРОТЕСТНА НОТА: Бугарскиот амбасадор не ја прифатил

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ДЕМАРШ ДО БУГАРИЈА: Нема веќе меѓународна политика и дипломатија со свиткана кичма

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ДЕМАРШ ДО БУГАРИЈА: Нема веќе меѓународна политика и дипломатија со свиткана кичма

„ОСТАНАА 10 - 15 НЕРАЗРЕШНИ ДИРЕКТОРИ“: Таравари вели наскоро цел Клинички центар ќе има еден директор

„ОСТАНАА 10 - 15 НЕРАЗРЕШНИ ДИРЕКТОРИ“: Таравари вели наскоро цел Клинички центар ќе има еден директор

Се огласи Радев, посетата на Сиљановска Давкова била неофицијална

Се огласи Радев, посетата на Сиљановска Давкова била неофицијална

ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА ДА СЕ ВРАБОТАТ ПРВИТЕ 300 ДОКТОРИ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ - за останатите ќе се бара решение следната година

ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА ДА СЕ ВРАБОТАТ ПРВИТЕ 300 ДОКТОРИ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ - за останатите ќе се бара решение следната година

Хируршките сали без компресорска станица до крајот на годината

Хируршките сали без компресорска станица до крајот на годината