ОПШТИНА КАРПОШ: Kривичната пријава е тенденциозна, злонамерна и политички мотивирана
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2024
По веста дека Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против градоначалник на една скопска општина и пет лица вработени во Секторот за урбанизам и правното лице од Скопје поради сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, се јавија со реакција од Општина Карпош.
Од Секторот за урбанизам и правниот сектор во општина Карпош со индигнација ја отфрлаат оваа кривична пријава на МВР, истата ја сметаат за тенденциозна и злонамерна и политички мотивирана.
„Имено, стручните служби од општина Карпош предметот за легализација на спортските објекти на Александар Палас со внимание го имаат разгледувано, и истиот е решен согласно законските прописи. Општина Карпош категорично тврди дека легализацијата е законита за овие спортски објекти затоа што за се’ што се издава одобрение за градба се врши легализација, а за истите објекти правното лице Александар Палас има одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за кое не го спровеле во катастар. Дополнителен аргумент е фактот што за тениски терени изградени на територија на општина Карпош во времето на Никола Груевски е издадено одобрение за градба. Во општина Карпош работат квалитетни искусни службеници кои совесно си ги вршат своите работни обврски и убедени се дека истата кривична пријава ќе биде отфрлена како недопустлива од причини што надлежните општински органи правилно ги утврдиле фактите и извршиле легализација согласно законските прописи кои ги донела Владата на Никола Груевски“, се вели во реакцијата.
Од полицијата велат дека истрагата покажала дека групата, во која освен градоначалникот спаѓаат и пет вработени во Секторот за урбанизам во општината, овозможила на едно правно лице да легализира бесправно изградени тениски терени, иако тоа е спротивно на важечките закони.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.