17 Декември, 2025
0.0471

ДОАЃА ПРВИОТ СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве кога и каде ќе паѓа

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2025 06:00

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски вели дека на 2  и на 3 октовмври (четврток и петок) територијата на нашата Република Македонија ќе биде зафатена од голем влажен и многу поладен воздушен бран кој доаѓа од истокот  и од североистокот на Европскиот Континент, односно од Русија. Токму ова ќе услови да имаме обилни врнежи од дожд , засилен ветер од северен правец  и исклучително ладно време за самиот почеток на месец октомври. Температурите ќе бидат потпросечни дури и за околу 15 степени, што е премногу и е огромна негативна температурна аномалија.

„Поради продорот на овој многу поладен бран на повисоките и на планинските места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег со што ќе се формира првата снежна покривка за оваа сезона. На планините локално ќе се формира снежна покривка која ќе биде посериозна (над 30 сантиметри снег). Не се исклучува можноста овој многу поладен и влажен бран да го донесе првиот снег за оваа сезона  и на помала надморска височина (под 1000 метри) со што појава на снег има услови да има и во дел од повисоките градови особено во западните  и во северните предели од нашата Република Македонија.

Температурите во овие два дена ќе бидат исклучително ниски и ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 11 степени. На планинските места очекувам и негативни температури и појава на мраз.“, вели тој.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски