Доаѓаат обилни дождови, грмежи и силен ветер
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2025 07:30
Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес до вторник (11 ноември) во нашата Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец (до околу 60 км/час), објави метеорологот Славчо Попоски.
„И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува повремено засилен до силен ветер од југоисточен правец (до околу 60 км/час).
За време на оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен).
Што се однесува до температурите, тие нема да бидат многу ниски и ќе бидат околу или малку над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени“, објави тој.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




