ДОБРА ГОДИНА ЗА ЗЛАТОТО: Во 2024 поскапе за 28 отсто
Објавено во: Економија 15 Декември, 2024
Златото од почетокот на годината поскапе 28 oтсто.
Цените се поттикнати од силната побарувачка од централните банки и инвеститорите во период на зголемени геополитички тензии, објави Светскиот совет за злато (WGC).
„Оваа година со златото се тргуваше по просечна цена од 22 отсто повисока од минатата година, а во третиот квартал вкупната побарувачка за првпат надмина 100 милијарди долари“, oбјави WGC.Побарувачката во Кина и Индија, најголемите пазари на злато во светот, треба да биде силна и во следната година, додаде WGC.
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.