16 Декември, 2024
0.0265

Средба Ангеловска-Бежоска − Стамнова: Со Единствениот регистар на сметки ги воспоставуваме најдобрите европски практики

Објавено во: Економија 15 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Со реформите направени во изминатиот период преку донесувањето нови закони и подзаконски акти во платежната сфера и во сферата на спречувањето перење пари и финансирање тероризам, нашата држава го зацврсти својот пат кон европската интеграција. Воспоставувањето на Единствениот регистар на сметки е еден од тие важни чекори, коишто треба да ја олеснат обработката на податоците за платежните сметки, депозитните сметки и сефовите, што ќе придонесе за поефикасно делување на институциите, а ќе обезбеди и зголемена заштита на потрошувачите. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката на Централниот регистар, Анита Стамнова и нивните тимови. 

На средбата беше истакнато дека Единствениот регистар на сметки ќе претставува важна основа за ефикасно извршување на плаќањата, за подобра финансиска контрола и спречување нелегални активности, според најдобрите европски практики. „Со Единствениот регистар на сметки ќе ја унапредиме ефикасноста на платниот систем во земјава. Преку него ќе се обезбеди пристап до важни податоци за институциите, коишто ќе можат да ги извршуваат своите задачи поефективно. Народната банка преку користењето на податоците од овој регистар ќе може да го подобри извршувањето на супервизорските задачи, како и да ја зголеми сигурноста, стабилноста и ефикасноста на платниот систем на земјата, а сето тоа во прилог на стабилноста на финансискиот систем на државата“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при што додаде дека воспоставувањето на овој регистар е значајно и за приклучувањето на нашата земја во Единствената област за плаќања во евра − СЕПА и за обезбедувањето на потребната регулативна и функционална усогласеност, суштинска за нашата позиција во европскиот економски простор.

„Со донесување на новиот Закон за платни системи и платежни услуги, Централниот регистар ја доби улогата за водење Единствен регистар на сметки како администратор на регистарот. Во тој контекст, Централниот регистар ќе ја поддржи дигиталната трансформација на пазарот на платежни услуги преку воспоставување сеопфатна база на податоци за сметките и сефовите до кои ќе имаат пристап банките и новите небанкарските даватели на платежни услуги и коишто ќе може да ги користат за унапредување на своите решенија и системи за поефикасно и посигурно извршување на плаќањата од граѓаните и компаниите. Исто така, државните институции ќе може да ги користат податоците од овој регистар за поефикасно извршување на своите задачи. Со спроведувањето на барањата од релевантните прописи на Европската Унија во сферата на спречувањето перење пари и финансирање тероризам, проектот ќе придонесе кон одржување на интегритетот на финансискиот систем“, истакна Стамнова.

Воспоставувањето на Единствениот регистар на сметки е пропишано со Законот за платежни услуги и платни системи и со него ќе се исполни едно од главните барања од Петтата директива на Европската Унија за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот, создавајќи цврста правна основа за интеграција на платниот систем на земјата во платежната инфраструктура на ЕУ. Со тоа значително ќе ја подобриме размената на податоци и соработката не само помеѓу домашните институции, туку и со останатите земји од Европската Унија. Оваа соработка е важна за зајакнување на контролата врз прекуграничните финансиски текови, како и за зголемување на ефикасноста на процесите за спречување незаконски активности, со што нашата држава покажува дека е подготвена и дека го прави потребниот напредок кон модернизацијата и сигурноста на својот финансиски систем.

На средбата беше истакната размената на податоците и соработката меѓу двете институции, а особено потребата од споделување искуства коишто ги применува Народната банка во делот на финансиската едукација.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НИКНУВА ЛИ НОВА АВИОКОМПАНИЈА ВО СРБИЈА - фирма на холдингот „Делта“ ќе купува друштво кое работи со опрема за воздушен сообраќај

НИКНУВА ЛИ НОВА АВИОКОМПАНИЈА ВО СРБИЈА - фирма на холдингот „Делта“ ќе купува друштво кое работи со опрема за воздушен сообраќај

Бикот и се реваншира на мечката, МБИ-10 пред нов историски рекорд! Треба ли тоа да не плаши или да не радува?

Бикот и се реваншира на мечката, МБИ-10 пред нов историски рекорд! Треба ли тоа да не плаши или да не радува?

ЗЕМЈАТА ИМА НОВ „ШАМПИОН“ КАЈ ТЕНДЕРИТЕ: „Марковски компани“ за прв пат на врвот

ЗЕМЈАТА ИМА НОВ „ШАМПИОН“ КАЈ ТЕНДЕРИТЕ: „Марковски компани“ за прв пат на врвот

„БЕСНОТО ЧУДОВИШТЕ СЕ УШТЕ НЕ Е ПОРАЗЕНО“: Дали Европа прави голема грешка?

„БЕСНОТО ЧУДОВИШТЕ СЕ УШТЕ НЕ Е ПОРАЗЕНО“: Дали Европа прави голема грешка?

МЕРКАТА СТАРТУВАШЕ ДЕНЕСКА: Повеќе од 800 производи се со намалени цени

МЕРКАТА СТАРТУВАШЕ ДЕНЕСКА: Повеќе од 800 производи се со намалени цени

КОСТОВА: Во 2025 година е потребно зголемување на минималната плата на 500 евра

КОСТОВА: Во 2025 година е потребно зголемување на минималната плата на 500 евра

ДОБРА ГОДИНА ЗА ЗЛАТОТО: Во 2024 поскапе за 28 отсто

ДОБРА ГОДИНА ЗА ЗЛАТОТО: Во 2024 поскапе за 28 отсто

ЗАРЕМ И АУДИ, КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Компанијата затвора фабрика во Брисел

ЗАРЕМ И АУДИ, КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Компанијата затвора фабрика во Брисел

ЧЕСТИТКИ ОД ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ТИРЗ ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗА ВЛЕГУВАЊЕТО НА АБЕЕ ВО КИЧЕВО: „Влада го продолжува тоа што го започнавме“

ЧЕСТИТКИ ОД ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ТИРЗ ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗА ВЛЕГУВАЊЕТО НА АБЕЕ ВО КИЧЕВО: „Влада го продолжува тоа што го започнавме“