ДОБРА ЗАРАБОТКА: Градежниците во странство земаат по 1.800 евра
Објавено во: Економија 16 Ноември, 2016
Ѕидари, армирачи, керамичари, паркетари се барани во странство и земаат добри плати.
Ваков кадар се бара во Западна Европа, а голема е побарувачката и за Германија.
Во Германија земаат од 25 до 35 евра на час, а во Италија од 20 до 30 евра. Во Данска се заработуваат по 40 евра на час.
За еден час некои од нив заработуваат колку за цел ден работа овде.
Кадри се бараат и за Данска, Норвашка, Швајцарија, Ирска, Шпанија. Во овој момент можат 100.000 занаетчии да се вработат во ЕУ, велат од Стопанската комора на Србија.
Оттаму велат дека со работа во странство работниците можат да донесат по милијарда или две милијарди евра во своите земји.
Скоро 9000 сезонци од Србија од почетокот на 2016 година заминале во странство.