ДОБРОВОЛЦИ – ХЕРОИ ГО СПАСИЈА МАНАСТИРОТ „СВЕТИ ЃОРЃИЈА“: А мештаните и битолските пожарникари извојуваа битка за селото Паралово
Објавено во: Македонија 13 Август, 2024
Доброволци од ДПД
Архангел извојуваа битка со огнената стихија во општина Новаци и успејаа да го
спасат светиот храм, манастирот Св. Ѓорѓија во селото Паралово каде што почива славниот
македонски комита Ѓорѓи Сугаре.
Убавата вест ја објави Игор Трајковски на својот Фејсбук профил кој напиша детални информации кои луѓе учествувале во херојските активности и како е изгаснат пожарот.
„Манастирот Св. ЃОРЃИЈА ПАРАЛОВО е спасен со појас од багер од РЕК управуван од Пеце Јанкуловски и контра оган под водтство на Ченто, Роберто Мапек и Александар и останатите ние од ДПД АРХАНГЕЛ. Роберт Христовски и Кире по потекло од с.д.Ореово
Селото ПАРАЛОВО е спасено од Пожарникарите на станицата ТППЕ Битола од Битола мештаните фам. Угревски, фам. Митровски фам.Гелевски,фам Миленковски и останатите да не ми замерат ако не ги спомнав.
СЛАВА НА БОГА ЗА ВЕТЕРОТ КОЈ ПРАТЕШЕ НА ВИСТИНСКИ ПРАВЕЦ ПО МОЛИТВИТЕ НА МАЈКАТА БОЖЈА, СВ. ЃОРГИЈА И СИТЕ КОИ СЕ МОЛЕВТЕ И БЕВТЕ СО НАС ВО МИСЛИТЕ“, напиша Трајковски.