11 Јануари, 2025
0.0253

ДОЦНИ ДОСТАВАТА НА ПОШТЕНСКИ ПРАТКИ: Поштарите најчесто разнесуваат пеш

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Не секој поштар во внатрешноста на Македонија има на располагање возило за разнесување на пратки.

Ова добро го знаат луѓето кои живеат во руралните места во земјата. За нив е важно да ги добиваат пратките навреме, исто како и оние граѓани кои се во урбани средини.

„Ако знам дека треба да добијам некоја пратка, тогаш јас се јавувам во поштата во соседното село, и одам да си ја земам, затоа што возило поштарот нема. Последен пат ми рече дека три пати во месецот добива возило, но едноставно некои пратки не може да чекаат. Не можам јас да чекам кога ќе стигнат пензии, па тогаш да земам документ кој е неопходно веднаш да се достави во одредена институција“, вели жена од кумановско село.

Доставата на пратки на доставните подрачја на територијата на Република Македонија, поштарите ја извршуваат пеш, со велосипед, мотор или моторно возило во зависност од конфигурација на терен  и параметар поминат пат кој важи за рамничарски терен, велат од Македонски пошти.

На рамничарски терен доставата се врши пеш, со велосипед или мопед, а на ридско-планински места со мопед.

„При тоа, во рамки на рамничарските терени покрај параметарот конфигурација на терен во предвид се зема и параметарот-поминат пат. Достава со моторни возила е предвидена за посебни категории на пратки, односно за пакетските пратки до 10 кг, бизнис пратки и бизнис пакети и пратките на брза пошта ЕМС. Воедно, друштвото редовно согласно потребите врши обновување на возниот парк, последна набавка на мопеди е извршена во 2016 година, а на велосипеди започната кон крајот на 2018 година, но истата не е реализирана заради проблеми со постапката на јавна набавка. За 2019 година се предвидува обновување на возниот парк на друштвото со моторни возила, мопеди и велосипеди, во интерес на обезбедување на поквалитетна достава“, велат од Македонски пошти.

Досега имало критики дека пратки се губат или стигнуваат со задоцнување на посакуваната адреса. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД СРПСКАТА АМБАСАДА: Граѓани излегоа за поддршка на Вучиќ

ПРЕД СРПСКАТА АМБАСАДА: Граѓани излегоа за поддршка на Вучиќ

ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Истепани жени во скопско и во Берово

ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Истепани жени во скопско и во Берово

НА ПОВЕЌЕ ПАТНИ ПРАВЦИ ПРОВЕЈУВА СНЕГ: Утре ќе имаме снежна покривка

НА ПОВЕЌЕ ПАТНИ ПРАВЦИ ПРОВЕЈУВА СНЕГ: Утре ќе имаме снежна покривка

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА МИЈАЛКОВ: Ниту еднаш не е дадено позитивно мислење и не сме се согласиле со условен отпуст на осудениот

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА МИЈАЛКОВ: Ниту еднаш не е дадено позитивно мислење и не сме се согласиле со условен отпуст на осудениот

ЗНАМ: Со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена од претседател на комисијата

ЗНАМ: Со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена од претседател на комисијата

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Ќе имаме ли снег и на пониските места?

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Ќе имаме ли снег и на пониските места?

УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА: Ова се македонските борбени хеликоптери М-24

УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА: Ова се македонските борбени хеликоптери М-24

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЧИСТ ВОЗДУХ: Еве каква е состојбата

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЧИСТ ВОЗДУХ: Еве каква е состојбата

ГАШИ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НА ИЛИРЕ ДАУТИ: Toa е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување

ГАШИ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НА ИЛИРЕ ДАУТИ: Toa е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување