ДОГОВОР ЗА ИЗБОРИ НЕМА: Двајцата лидери се договориле да ја продолжат комуникацијата
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Јуни, 2020
На денешната средба не беше постигнат договор за определување датум за парламентарните избори.
На покана на шефот на државата, Стево Пендаровски, вечерва во „Вила Водно“ се одржа средба со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Од кабинетот на Пендаровски информираат дека на средбата станало збор за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудиле аргументи во прилог на нивните позиции.
Двајцата лидери се договориле да ја продолжат комуникацијата меѓу себе.
Средбата траеше скоро три часа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.