Дојави за бомби стигнале во училишта во Куманово и Скопје
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2025 19:36
Неколку училишта во Скопје и Куманово попладнево добиле дојави за поставени бомби.
„Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на е маил адресите во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училишта. Во тек се проверки од страна на полициски службеници“,соопштија од МВР за „360 степени“.
Раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово Александар Јовановиќ, информира дека сите ученици биле безбедно евакуирани.
Како што објавија некои медиуми, дојави за бомби во Скопје пристигнале на електронските адреси на училишта во Општина Аеродром по што сите попладневни активности во тие училишта биле прекинати, а децата биле испратени дома.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




