17 Декември, 2025
0.0594

ДОКОЛКУ СОФИЈА ДО ВЕЧЕР ГО ПРИФАТИ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ - Европа ќе одреди датум за преговори со Скопје и со Тирана

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2022 12:16

Добивај вести на Viber

Доколку Софија вечерва даде позитивен одговор за предлозите на француското претседателство за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија, утре се очекува Советот за општи работи на ЕУ да ги одобри преговарачките рамки и придружните документи за Скопје и Тирана, а на Самитот за Западен Балкан в четврток да бидат одредени датумите за почеток на преговорите, наведува софиски „Стандард“.

Весникот потсетува дека постојаните дипломатски претставници на земјите членки на ЕУ ќе се сретнат вечерва во Луксембург за да разговараат за т.н. „француски предлог“ за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија и за почеток на преговорите со Скопје и Тирана за членство во Унијата, при што ставот на Бугарија за преговарачката рамка предложена од Франција како претседавач со ЕУ се очекува да го изнесе Комисијата за надворешни работи на бугарското Народно собрание, откако Владата во Софија на 15 јуни реши сите одлуки во врска со спорот со земјава да им ги препушти на бугарските пратеници.

„Стандард“ тврди дека во поднесениот предлог на француското претседателство и европските институции се прифатени повеќето барања на Бугарија за Северна Македонија и тие се вклучени во преговарачката рамка.

„Промената на Уставот на Северна Македонија ќе обезбеди почитување на правата на Бугарите во земјата, а Европската комисија ќе врши мониторинг на процесот, што ги вклучува и дискриминацијата и говорот на омраза“, наведува весникот.

Во меѓувреме, потпретседателот на бугарското Собрание и поранешен министер за надворешни работи Кристиан Вигенин оцени дека „францускиот предлог“ е најдоброто решение понудено од 2019 година, па досега.

Вигенин синоќа гостувајќи во Нова ТВ изјави дека предлогот првпат ги содржи речиси сите прашања кои Бугарија ги смета за проблематични, а се однесуваат на говорот на омраза и правата на Бугарите во Северна Македонија.

– Има мониторинг механизам кој ќе ги следи овие прашања. Во однос на Бугарите таму, најдено е решение кое мислам дека е најдобро – изјави Вигенин, кој е член на Бугарската социјалистичка партија.

Сепак, според него, одлуката околу повлекувањето на бугарското вето за земјава не треба да ја донесе само Парламентот, туку е потребна поширока дебата во јавноста.

Можеби ќе ве интересира

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6