ГРАЃАНИТЕ И КОМПАНИИТЕ ДОЛЖАТ 8,6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА – не спласнува интересот за станбени кредити, инвестициите во дом „немаат цена“
Објавено во: Финансии 22 Октомври, 2025 07:37
Македонските граѓани користат кредити за големи инвестиции, но и за секојдневни потреби. За разлика од минатото, кога доминираа потрошувачките кредити, последниве месеци, но и години, доминира побарувачката на станбени кредити. Сепак, двете категории доминираат, за разлика од останатите понуди.
Последните податоци на Народната банка откриваат дека во септември вкупната кредитна задолженост меѓу граѓаните и компаниите надминува 532,3 милиони денари.
Ова значи дека граѓаните и компаниите на домашните комерцијални банки им должат 8,6 милијарди евра. За споредба само пред еден месец овој долг достигнуваше 8,5 милијарди евра, додека на почетокот од годинава, или во јануари вкупната вредност на кредитите достигнуваше 8 милијарди евра.
- Во септември 2025 година, вкупните кредити се зголемени за 0,9 отсто на месечно ниво, поради растот на кредитирањето на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.
Годишниот раст изнесува 13,5 проценти и во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства“ - појаснуваат од Народна банка.
Вообичаено граѓаните должат повеќе од компаниите и нивниот долг во септември достигнал 269,056 милиони денари или 4,37 милијарди евра.
Компаниите должат нешто помалку или 260,821 милиони денари односно 4,2 милијарди евра.
Последните извештаи на Народната банка покажуваат дека кредитирањето на корпоративниот сектор последниот период расте со позабрзано темпо отколку претходно.
- Кредитите на корпоративниот сектор овој месец, се зголемени за 0,8 отсто и 16,5 проценти на месечно и на годишно ниво, соодветно. Нагорната месечна и годишна промена произлегува од повисокото кредитирање во денари, во услови на пад на кредитите во странска валута -се појаснува во извештајот на Народната банка.
Раст секако е забележан и кај кредитирањето на населението, при што на месечно ниво растот изнесува 1 проценти, додека на годишно ниво растот достигнал 10,8 проценти. Притоа исто како и кај компании поголемо е задолжувањето во денари отколку во странски валути.
Податоците на Народната банка покажуваат дека граѓаните најмногу ги користат станбените и потрошувачките кредити.
Вкупниот долг на граѓаните по основ станбени кредити достигнува 1,7 милијарди евра.
Според податоците на НБ, кај станбените кредити месечниот раст е 1,6 проценти, додека годишниот достигнал 16,1 отсто.
Што се однесува пак до потрошувачките кредити, вкупниот долг на граѓаните по овој основ надминува две милијарди или поточно вкупно потрошувачките кредити на граѓаните достигнуваат 2,2 милијарди евра.
И кај нив има раст на месечна и годишна основа, притоа месечниот раст е 0,9 проценти, додека годишно овие кредити се зголемиле за 10,2 отсто.
Автомобилските кредити кои не се меѓу најбараните кредити, овој месец бележат пресврт и имаат раст од 1,3 отсто на месечна основа, додека годишно имаат пад од 0,6 проценти.
Кај кредитите на кредитни картички на месечно ниво има пад од 0,3 отсто, а на годишно има пад од 6,7 проценти.
Негативните салда на тековните сметки и кредитите по други основи има раст од 1,3 отсто и 0,4 проценти во споредба со претходниот месец, а на годишна основа имаат пад од 2,7 проценти и 8,5 отсто.
П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“
КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување
Новогодишните елки поскапени – најмногу барани моделите до 2 метри





