Домот на британската кралица во опасност од пожари - Бакингемската палата итно ќе се обнови
Објавено во: Свет 19 Ноември, 2016
Бакингемската палата која служи како дом за Британската кралица Елизабета Втора и за нејзиното семејство и истовремено како официјална резиденција на круната мора под итно да се реновира бидејќи градежните инспектори откриле бројни недостатоци во електричната инсталација со што ризикот од пожари е огромен.
Според проценките потребна е голема реконструкција и на сите електрични приклучоци, како и на кровната конструкција. Палатата е огромна со над 700 соби во кои престојува кралското семејство, но и голем број на службеници и гости.
Реконструкцијата ќе започене во април следната година и ќе чини околу 400 милиони евра што за либералите е тешко прифатливо бидејќи земјата постојано се соочува со буџетски кратења. Градежните зафати ќе траат цели 10 години, а за тоа време кралицата Елизабета Втора ќе може да продолжи да живее во Бакингемската палата.