19 Декември, 2025
0.1011

Донација од 550.000 евра од ПроКредит банките за поплавените региони на Србија и БиХ

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2014 13:16

Добивај вести на Viber

„Соседи за соседи" е насловот на иницијативата на Прокредит банките во регионот. Банките на Прокредит од Бугарија, Косово, Македонија и Албанија како и банките во Босна и Херцеговина и Србија отворија посебен фонд и донираа вкупно 550.000 евра за помош на засегнатите региони. ПроКредит Банките во Босна и Херцеговина и Србија ќе ги дистрибуираат донираните средства за засегнатите региони во форма на хуманитарна помош: лекови и средства за хигиена, вода и храна, опрема за помош и други потребни нешта. “ПроКредит Банка Македонија е вклучена во оваа иницијатива Соседи за соседи не само како институција, туку и со вработените. Солидарност и реакција на време е најважна во овој момент”, изјави Јованка Јолеска Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка, Македонија. “Се надеваме дека потребната помош брзо ќе стигне до оние на кои им е најпотребна. Им благодариме на ПроКредит банките за разбирањето на потребите на луѓето кои претрпеа големи загуби. Приоритетно е да се фокусираме на недостатокот на лекови и медицински средства”, изјави Един Хрњица, член на Управен одбор на ПроКредит Банка Босна и Херцеговина. “Важно е помошта да стигне што е можно побрзо и да е во најпрактична форма. Затоа и започнавме неколку иницијативи. Финансиска помош за настраданите региони е само една од тие иницијативи”, вели Светлана Толмачева, претседател на Управниот одбор на ПроКредит Банка, Србија.  

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година