19 Декември, 2025
0.1171

Донација за еднаква вклученост во информатичкото општество на лицата со попреченост

Објавено во: Мои пари 08 Април, 2014 12:52

Добивај вести на Viber

Фондацијата е-Македонија во партнерство со граѓанската организација „Отворете ги прозорците“ стартуваа со проектот „Компјутерот - прозорец кон светот“ за еднаква вклученост во информатичкото општество на децата и лицата со  попреченост. Целта е да се овозможи што повеќе лица со попреченост да користат компјутер и интернет. Лицата со попреченост не можат да користат стандарна компјутерска опрема, која наместо да помогне, ја отежнува нивната активна вклученост и негативно влијае на нивниот понатамошен успех во сите сфери на живеењето. Затоа, првиот чекор беше набавка на асистивни и смарт уреди, во износ од 14.000 евра, како донација од Фондацијата е-Македонија. „Како лидер во светот на телекомуникациите, ние се движиме кон создавање на  дигитално општество, кое не би било целосно доколку децата и лицата со попреченост не се дел од него. Наша обврска е како социјално одговорна компанија да им овозможиме еднакви услови, да им дадеме поттик да бидат активно вклучени рамноправни членови на   новото општество базиранo на интернет протокол и информатичко – комуникациски технологии“ – изјави Радмила Јонческа, претседател на Фондацијата е-Македонија. Опремата е наменета за „Отворете ги прозорците“, но и за уште две други организации -„Ластовица“ од Скопје и Здружението на лица со церебрална парализа од Велес. По добиената обука, и овие организации ќе можат да им помогнат на лицата со попреченост да ги користат компјутерите за сопствениот личен развој. „Современата технологија може секому да му го олесни и поедностави животот, да овозможи секој да го даде својот придонес во заедницата. Многу не радува дека ова убедување го споделуваме со Фондацијата е-Македонија. Поддршката ќе ја искористиме за да им помогнеме на лицата со попреченост да го развијат сиот свој потенцијал користејќи современа компјутерска опрема“  – изјави Владимир Лазовски, директор на „Отворете ги прозорците“. Фондацијата е-Македонија е основана во 2004 година, од Македонски Телеком, во чест на имплементација на идејата на починатиот претседател Борис Трајковски за ширење и поддршка на придобивките од информатичко општество и унапредување на знаењето. Целта на Фондацијата е создавање на инклузивно општество, односно да им овозможи на ранливите групи на граѓани да ги користат новите технологии и да бидат ефективно вклучени во дигиталното општество. Граѓанската организација „Отворете ги прозорците“ е единствена во Македонија и поширокиот регион што овозможува пристап на лицата со попреченост до информатичката технологија. Располага со Центар за асистивна технологија опремен со прилагоден хардвер и софтвер за деца и возрасни со попреченост. Се спроведуваат индивидуални програми за секој корисник, подготвени од тим од дефектолози и информатичар. Досега, над сто лица со интелектуална, физичка, комбинирана попреченост и сензорни оштетувања ги користеле бесплатните услуги на оваа организација.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза