Доналд Туск ќе го притиска Макрон
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2019 12:59
Нема знаци дека Франција го менува ставот. Висок функционер на ЕУ кој што е вклучен во подготовката на самитот вели дека засега од страна на Макрон нема флексибилност по прашањето за датумот на Македонија и отворање на преговорите.
Сепак, она што е извесено е дека шефот на Европскиот совет, Доналд Туск е решен да го притиска францускиот претседател Емануел Макрон.
-Туск е решен да да се обиде да постигне компроми. Франција исто така не сакала воопшто да се разговара за проширувањето на самитот, но Туск смета дека темата мора да се отвори затоа што во прашање е кредибилитетот на ЕУ на Балканот и пошироко-ја пренесуваат дел од медиумите изјавата на висок функционер на Европската Унија.
Имено, дипломатски извори на новинарски брифинг од утринава рекле дека ако не се отворат преговорите на Македонија и Албанија тоа би било грешка, а од друга страна дипломатите стравуваат дека може на самитот да се повторат гневните дебати на оваа тема што ги видовме на министерско ниво, вели висок дипломатски извор на брифинг со новинарите утрово.
Oд друга страна, истите извори посочуваат дека е неопходна реформа на методологијата на преговорите за членство, но дипломатите потврдуваат дека Париз дури сега го става на маса овој предлог, а не кога започнаа дебатите во јуни минатата година.
Сепак, се чини дека има доста широк консензус кај другите земји дека е прифатливо да се размислува за промена на методологијата, но и дека тоа не треба да ги држи во заложништво земјите кандидати.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски доби трет претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ
„Не бараме одмазда“, порачаа ротителите на Маршот на ангелите во Кочани
Мециновиќ за веста со мигрантите: „Нè третираат како периферија за отпадни проекти!“
„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти
„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен
Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец
Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец
Мицкоски: Партнерството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно
НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ





