05 Декември, 2025
0.0366

Доста е од политички лактања – време е за економија !

Објавено во: Анализа 13 Октомври, 2012 18:34

Добивај вести на Viber

Кога парите за повисоки пензии и плати за администрацијата се обезбедуваат со кредити, економијата е во криза, а  параметри ниту за во блиска иднина не навестуваат оптимизам, тогаш нема простор за пофалби. Во економските адути со кои премерот Никола Груевски ја бранеше Владата откако опозицијата иницираше Интерпелација, бизнис и експертската јавност препозна само – политика. Бесник Фетаи, професор и поранешен министер за економија не препознава исчекор во економските политики “Доколку се  гледаат бројките, нема простор за пофалба. По двата негативни квартали очекувам негативни показатели и за третиот квартал. За разлика од Македонија , во Европската Унија се забележува благ раст. Од опкружувањето , Бугарија е во позитива, и Албанија , која не е дел од ЕУ покажаа позитивни стапки на раст“ – вели Фетаи, аргументирајќи дека македонската економија заостанува зад другите. Претставници од Стопанската Комора на Македонија пак позитивно го оценуваат дел од премерскиот говор во кој тој ги посочува инвестициите . “Македонија успеа да ја зачува макроекономската стабилност - засега . И покрај сите напори, имаме малку инвеститори, но и тие “малку“ се повеќе од оние што дојдоа во период кога немаше економска криза . Факт е дека сега влегуваат грин-филд инвестиции. Но исто така – факт е дека  оваа власт наследи полни сметки со пари од приватизирани компании од претходната власт, па се стекна со комотна позиција, сепак добро е што се прават обид за нови инвестиции“  - коментираат од СКМ. Во својот говор премерот Никола Груевски посочи неколку клучни точки , кои според него укажуваат на напредок во економијата. “До сега се реализирани над 2300 проекти, а во следниот период дополнителни 1000 проекти. Нашата програма е јасна , не даваме лажни ветувања, а делата се видливи. Пред светската економска криза имавме историски раст од 6% , лани пак, среде криза имавме раст што не вброи  во групата од 7 земји во Европа што имаа раст. Невработенста изнесува 31 % и таа е намалена во однос на годините пред тоа,  просечната нето плата се зголемува а исто така и пенизиите се зголемија  за 35 %, девизните резреви се на историско високо ниво од 2,5 милијарди евра, даноците се намалија, субвенциите се зголемија, обезбедена е современа опрема во здравството, намалена е партиципацијата за студирање “ – рече премерот. Македонија по својот Бруто Домашен Производ по глава на жител денска има полоши параметри во однос на  89 тата, вели економскиот консултант и порашенен заменик- министер за економија Зоран Витанов . “Груевски мора веднаш да си даде оставка. Единствено нема да го опрадам  во оставката доколку го замени Бранко Црвеновски. Сакам да кажам во земјава се водат “лузерски“ политики што не нудат развој. На земјата итно и е потребна нова владеачка гарнитура, а сегашната власт итно да направи “Shut Down“, доста е од политички лактања“ оценува Витанов и додава “Да потсетам дека во 89 тата македонија имаше поголем БДП по глава на жител  отколку сега “ . Дека економијата е засенета од политиката , сметаат и  преставници на Стопанската Комора на Македонија и поентираат “Сите влади, без разлика на која опција и припаѓаат се преокупирани сами со себе и сите си имаат причина за  несупехот во спроведување на економските политики, за некои тоа е политичка за други економска криза “ .. Владата не може да се фали со исчекор во состојба кога призна дека му должи на стопанството – вели Бесник Фетали и додава “И натаму од буџетот се финасираат непродуктивни трошења , таков е примерот со проектот “ Скопје 2014 та“ , влече пари од буџетот а не создава додадена вредност . Што се однесува на згомеувањето на платите и пензиите, тоа е добро но притоа треба да се каже дали и за колку растат платите во приватниот сектор, тие и продуктивноста на трудот се репер за тоа како се движат работите на пазарот на трудот“ – вели Фетаи . Според професорот втора важна работа е од каде се финасира зголемувањето на платите и на пензите . Смета дека ќе биде добро ако се обезбедат пари од тековните буџетски приходи, а не со задолжувања. Како уште еден аргумент што не оди во прилог на позитивна економска политика, според Витанов е фиксниот курс на денарот . Според него тое е убистена политика што се води 20 години, а без флексибилост нема економски раст, нови инвестиции и вработувања. Опозицијата во петокот поднесе Интерпелација за работата на Владата. Актуелниот министерски кабинет преживеа – откако  доверба на Владата изгласа мнозинството од 68 пратеници.   Преземено од „ Portalb.mk “  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?