ДОЗНАЈТЕ: Зошто НЕ ТРЕБА да го полните телефонот преку ноќ?
Објавено во: Мои пари 20 Јануари, 2015 15:00
Доколку сте корисник на „паметните“ телефони запознајте се со проблемот на брзото празнење на батеријата и потребата истата да ја полните еднаш во текот на 24 часа. Најчест и најлесен начин е да го ставите телефонот на полнач во текот на ноќта, но дали тоа е најпаметната опција, бидејќи на тој начин уредот е вклучен многу подолго отколку што би требало.
Првата добра работа е дека енергетската ефикасност на полначот и телефонот значајно е подобрена во последните неколку години и тоа благодарение на Интернационалната енергетска агенција (IEA). Имено, полначот кога е вклучен во струја, без телефон на него троши помалку од половина вати на електрична енергија. Тоа значи дека еден таков полнач на година дена може да истроши струја колку што е потребно да се загрее еден болјер.
Кога се вклучи телефонот потрошувачката на енергија во просек доаѓа до 3,6 вати, а спаѓа на 2,24 вати кога батеријата на телефонот се наполни. Со тој податок цената на полнење преку ноќ станува значајно поголема, бидејќи телефонот се полни минимум четири часа без потреба.
Новите „паметни“ телефони доаѓаат со единствени, оригинални полначи кои спречуваат да не дојде до некоја несреќа во моментот батеријата на уредот ќе биде 100 одсто полна. Исто така, држењето на телефонот на полнач подолго отколку што треба и штети и на самата батерија и го намалува траењето на батеријата. Не премногу, но во ситуација кога неколку проценти прават разлика, тоа може да биде проблем.
Воедно, модетните литиум-јонски батерии „не сакаат“ кога се полни 100 одсто, туку во најдобар случај би било добро кога корисникот би можел да наполни 98 или 99 одсто кога би го продолжил нивниот работен век. Кратките дополнувања се најдобри решенија.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави




