Драги Рашковски му се закани на администраторот на веб-страната на претседателот Иванов
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2019 10:48
Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, го предупреди администраторот на веб-страницата на Кабинетот на шефот на државата Ѓорѓе Иванов дека се соочува со санкции доколку не се промени називот на институцијата во „Претседател на Република Северна Македонија“.
„Претседателот е независен во своето дејствување. Одговорноста за непочитувањето на законите важи за сите, така што, ако не се почитуваат Уставот и законите, ќе се преземе постапка против администраторот на домејнот“, изјави Рашковски за Дојче Веле.
Драги Рашковски, ја води Меѓуресорската група за имплементација на роковите од Преспанскиот договор. Сите институции веќе го сменија својот назив, освен Кабинетот на претседателот на Македонија и Агенцијата за разузнавање, која е под негова надлежност иако во моментов таму се вршат измени на страницата.
Во рок од 3 дена сите институции требаше да извршат промена на сите дигитални записи - логоа, меморандуми, електронски комуникации, веб-страници, но на Иванов се уште е старото име „Претседател на Република Македонија“, а под тоа име ги става и потписите на указите што се објавуваат во Службен весник.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




