ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО ПРАГА: Авион слетал под закана за бомба!
Објавено во: Свет 31 Декември, 2016
„Боингот 707" на полската чартер авио-компанија „Enter Air", синоќа принудно слетал во Прага, откако еден патник се заканил дека ќе активира бомба.
Полицијата го привела патникот, но не се знае дали навистина имал експлозив кај себе.
„Авионот на „Enter Air" на летот од Лас Палмас во Шпанија за Варшава, слета во Прага, поради закана со бомба", потврдил Ричард Клима, портпарол на авио-контролата во Прага.Во авионот имало 160 патници, воглавно Полјаци. Патникот кој се заканувал е исто така Полјак.
Сите патници биле евакуирани и ноќта ќе ја минат во Прага додека авионот не биде темелно истражен.