ДРАМАТИЧНИ СВЕДОШТВА НА ПРЕЖИВЕАНИ ВО НЕСРЕЌАТА КАЈ ЛЕСКОВАЦ: Ужасни глетки и врескање
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2018 06:40
-Кога се разбудив слушнав врескање. Видев луѓе со крвави глави и раце, и слушнав дека некој кажа оти има загинати-раскажува момче од Битола, еден од патниците од македонскиот автобус на линија Битола-Виена, кој се преврте кај Лесковац. Во таа тешка сообраќајна несреќа загинаа тројца македонски државјани, а 32 лица се со полесни и потешки повреди.
Сспоред медиумите од Србија , за несреќата се виновни лизгавиот пат, снегот и мразот се причини за несреќата.
На лице место загинаа маж и две жени, а меѓу повредените патници се наоѓа и бебе од година и пол дена и дете од девет години, и тие за среќа се во добра состојба.
Четворица патници имаат тешки повреди и тие се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Ниш, каде моментално се наоѓаат вон животна опасност, а нивната состојба постојано се следи.
-Не знам кој повикал итна помош и полиција, но набрзо стигнаа неколку коли итна помош и лекарите влегоа во автобусот. Веднаш ни пружија помош. Потоа стигнаа похарникарите, мислам дека се од Лесковац и сите заедно не извлекоа од автобусот - рекло момчето од Битола кое во несреќата си ја повредило раката, пренесуваат српските медиуми.
Како што раскажале повредените, не знаат како дошло до трагичната несреќа бидејќи воглавно сите во тој момент спиеле. Патниците воглавно се млади луѓе и некои од нив рекле дека тргнале на работа во Виена. Сите патници од превртениот автобус добиле и топол оброк и се сместени во одделенија во празни кревети за да се одморат во исчекување по нив да дојде друг автобус од Македонија. Според зборовите на директорот на општата болница во Лесковац, Небојша Димитријевиќ, потешко повредените се сместени на одделението за интензивна нега, додека има и такви кои се на хирургија и ортопедија.
Можеби ќе ве интересира
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија
Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации
ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“
(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните
„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат
„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ
Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште




