17 Декември, 2025
0.0401

Драстичен раст на барателите на азил во Германија – меѓу нив уште има Македонци

Објавено во: Свет 12 Јуни, 2014 20:50

Добивај вести на Viber

Раст од 61% забележа бројот на баратели на азил во Германија во периодот од јануари до мај годинава, во споредба со истиот период лани, покажаа податоците на германското Министерство за внатрешни работи објавени денеска. Во овој петмесечен период вкупно 62.602 апликации за азилантски статус стигнале до германските власти и тоа во време кога во Германија интензивно се дебатира за тоа како да се спречи имиграцискиот бран. Ваквиот пораст се должи пред се на бегалците од Сирија чиј број е повеќе од дуплиран - од 4.035 за периодот јануари-мај лани на дури 10.046 за истиот период годинава. Останатите земји на потекло се Србија, Авганистан, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Еритреја, Русија, Сомалија и Косово. Трендот не покажува никакви знаци на намалување - само во мај забележан е раст од 49% на поднесените барања за азил во споредба со истиот месец минатата година, така што вкупно биле поднесени 12.457 барања. Германските власти бараат начин да го решат проблемот со зголемениот број бегалци од Сирија, но дебатираат и за предлог-законот кој веќе се наоѓа во Парламентот на предлог на владејачкото мнозинство и со кој се предвидува Србија, Македонија и Босна и Херцеговина да бидат прогласени за „сигурни земји“ што ќе значи автоматско одбивање на барањата за азил поднесени од граѓани на овие земји.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави