08 Октомври, 2024
0.0258

ДРВА И КАМЕЊА ПРОТИВ КАРЛСОН: Сојузниците од двете страни на Атлантикот со големо незадоволство по интервјуто со Путин

Објавено во: Свет 11 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

На Запад падпаѓаат „остри критики“ против новинарот Такер Карлсон, по неговото интервју со рускиот претседател Владимир Путин. Се оди дотаму што дури има информации за размислување за забрана за движење на територијата на ЕУ!

Поранешната ѕвезда на телевизијата „Фокс“, кој сега своите разговори ги објавува на социјалните мрежи, е критикуван дека му дозволува на Путин слободно да зборува.

Насловот „Путин излезе како победник во пропагандата по млакото интервју со Карсолн“ објавен од конкурентот на „Фокс“ Си-Ен-Ен најдобро ја прикажува атомосферата што владее во разговорот со шефот на руската држава.

- Сега разбираме зошто Владимир Путин одобри интервју со Такер Карлсон – пишува во аналитичкиот текст на CNN. 

- За време на повеќе од двочасовното интервју, поранешниот водител на Фокс њуз, кој стана коментатор на социјалните мрежи, главно се воздржуваше да го предизвика рускиот авторитарец, чија брутална војна против Украина доведе до непотребна смрт на стотици илјади луѓе.

Американските медиуми додаваат дека „наместо да го притиска Путин за многу важни прашања, вклучително и веродостојни обвинувања дека Русија извршила воени злосторства и затворањето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, Карлсон му дал на автократот слобода да манипулира со јавноста и да и каже на својата страна за приказната, колку и да е погрешна“.

Француски „Експрес“ пишува дека Путин преку Карлсон испратил долга порака до Америка и Западот.

- Такер Карлсон сигурно е на пат да биде етикетиран како пропагандист на рускиот режим. Ако Путин дава дезинформации, ЕУ треба да ја истражи забраната за патување! – изјави Ги Верхофштад, европратеник и поранешен белгиски премиер.

Познатиот американски инвеститор и инфлуенсер Брајан Красенштајн преку социјалните мрежи објави дека ЕУ бара начин да му забрани на Карлсон да влезе на територијата на ЕУ, по интервјуто со Путин. Овој твит беше прегледан од повеќе од 35 милиони луѓе. На тапет е и Илон Маск, сопственикот на мрежата „Х“, кој порача дека нема да го цензурира овој разговор.

Поранешниот американски претседателски кандидат Хилари Клинтон го нарече Карлсон „корисен идиот“.

Од друга страна, има и такви кои го поддржуваат, како францускиот политичар и поранешен претседателски кандидат во оваа земја, Франсоа Аселин, кој истакнува дека она што го направи Карслон е „враќање кон вистинското новинарство“.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?