06 Октомври, 2024
0.0256

ДРЖАТ ЛЕКЦИИ: Како се прави профит од над девет милиони евра за шест месеци - ЕВЕ КОМУ МУ УСПЕА

Објавено во: Економија 11 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Скопската Цементарница УСЈЕ продолжува да покажува дека е компанија која знае да работи навистина профитабилно.

За само шест месеци од годинава остварила нето добивка од 9,2 милиони евра. Не само што сумата е прилично солидна, туку и зголемувањето во однос на истиот период лани изнесува 39 проценти.

Компанијата која е во сопственост на странски акционер ги објави шестмесечните финансиски извештаи за првото полугодие од годинава, кои говорат за подобрување на финансиските резултати.

Да го разгледаме подетално Билансот на успех на компанијата.

Ако ги погледнеме оперативните приходи, каде што всушност влегуваат приливите од основниот бизниос на компанијата, може да се види дека тие од јануари заклучно со јуни годинава изнесувале 46,5 милиони евра. Одличен резултат, иако треба да се има предвид дека во однос на истиот период лани приходите останале на речиси исто ниво, па дури и има сосема минорно намалување од еден процент.

Слично ниво како и шестмесечниот период од претходната година, односно само благо намалување од два отсто имаат приходите од продажбата, кои се остварени со 98 отсто и кои го сочинуваат убедливо најзначајниот дел од приходната страна, така што од нив се инкасирани 44,8 милиони евра.

Поголем дел од производниот асортиман на Цементарница УСЈЕ се продал на домашниот пазар, од каде се наплатени 30,3 милиони евра. Она што е за поздравување е дека приходите од продажба на домашниот пазар останале сосема стабилни како и истиот период лани, и тие се реализирани со 100 проценти.

Солидно одела и продажбата во странство, од каде се собрани 14,5 милиони евра, иако треба да се спомене дека таму процентот на реализација изнесува 95 отсто.

Иако се многу помали по обен и по суми, пак, значајно зголемување има кај приходите од залихите.

На расходната страна, пак, може да се види дека во УСЈЕ успеале значително да ги намалат оперативните расходи во однос на првите шест месеци лани, односно тие изнесувале 30,6 милиони евра, што значи дека намалувањето е за дури 12 проценти. Тоа е и пресудно за зголемување на добивката, односно имаме стабилни приходи на едната, и значително намалени расходи на другата страна.

Најголем поединечен трошок на расходната страна се трошоците за суровини и други материјали, кои во првите шест месеци од годинава изнесувале 19,4 милиони евра, и кај нив има намалување за 15 проценти. Кај набавната вредност на трговските стоки, кои се многу помал трошок, намалувањето е за дури 50 проценти.

Трошоци кои се зголемиле во првото полугодие од годинава се трошоците за вработените и тоа за шест проценти, и за оваа ставка компанијата платила 302 илјади евра. Пораст на трошоците за вработените значи дека или се зголемиле платите, или бројот на вработените.

Во првото полугодие зголемени се и трошоците за амортизација за 15 проценти.

„Оперативните расходи содржат гориво за печките, електрична енергија, суровини, трошоци за концесии, трошоци за плата, услуги за одржување (машинско, електро и градежно), обезбедување, контрола на квалитетот на производите, калибрација, интелектуални услуги, негативен ефект од вреднување на тргување со електрична енегија и останати трошоци и расходи од работењето“, напишале од компанијата во своето образложение за работењето во првото полугодие од годинава.

Значително послаба реализација во однос на лани имале и финансиските приходи и расходи на УСЈЕ, кои се значително помала ставка во билансот на успех, при што првите се намалиле за 40, а вторите за 49 проценти.

Кога станува збор за плановите за годинава, од УСЈЕ велат дека во согласност со најновата проценка за 2023 година, Групацијата очекува благо зголемување на продажбата на цемент и стабилно учество на пазарот.

„Во комбинација со подобрувањето на производните трошоци се очекува да се постигне значително зголемување на оперативната профитабилност од работењето во однос на минатата година“, стои во образложението кое компанијата го објави преку Берзата до инвеститорската јавност.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона