17 Декември, 2025
0.0378

Државата ќе обезбеди 120 милиони денари за нов објект на кумановската гимназија „Сами Фрашери“

Објавено во: Македонија 30 Август, 2022 20:36

Добивај вести на Viber

Од Владата соопштија дека се обезбедени 120 милиони денари за нов објект на кумановската гимназија „Сами Фрашери“. 

Владата на 75-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за наменска реалокација на неискористени финансиски средства од вршење на услуги во дејноста на образованието и науката, и донесе Одлука, врз основа на која гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово ќе добие нов училиштен објект, со што Владата и Министерството за образование и наука (МОН) ќе го решат деценискиот проблем на недостаток на соодветен објект за квалитетен воспитно-образовен процес,  со кој се соочуваат учениците и вработените во ова средно училиште.


„Планирана е изградба на целосно ново училиште кое ќе се изгради за најмногу три години отсега и ќе чини околу 120 милиони денари. Со Владината одлука се предвидуваат средства во износ од 50 милиони денари во буџетот на МОН за 2023 година и дополнителни 70 милиони денари во 2024 година. Објектот ќе биде изграден на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, лоцирано во поранешната кумановска касарна. Досега, учениците, со години посетуваат настава во адаптирани простории на ЗИК „Куманово“, коишто воопшто не ги исполнуваат стандардите за реализација на образовната дејност. Општина Куманово ја завршува процедурата за изработка на архитектонско-урбанистички проект, а по одобрување на истиот ќе започне со изработка на основен проект за изградба на нов училиштен објект. МОН ќе ја спроведе постапката за избор на економски оператор за изградба и надзор над градежните активности“, велат од Владата. 


Дополнително, за оваа општина со измени на програмите за капитални инвестиции на МОН годинава се обезбедуваат и околу 15 милиони денари со кои ќе се реконструира кровот на објектот во кој се лоцирани основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Петков Мисирков“ каде поради дотраеност при неповолни временски услови се попречува наставата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери