13 Мај, 2025
0.0324

Државната ГА-МА направи профит од 3 милиони евра од гасоводот

Објавено во: Економија 30 Септември, 2022 10:31

Добивај вести на Viber

Акционерското друштво во државна сопственост ГА-МА во својата прва година „условно“ без партнерот „Макпетрол“ оствари добивка од 3 милиони евра, покажуваат податоците на ревизорскиот извештај за 2021. 

Оваа компанија се занимава со пренос на природен гас и управување со системот за пренос на гас низ гасоводниот систем и единствена по својата дејност, затоа што обезбедува пристап до природниот гас за поголемите потрошувачи.

ГА-МА имамагистрална гасоводна и разводна мрежа за Крива Паланка, Куманово, Гиновци, Кратово, Скопје – југ и Скопје – север. Државата конечно стана целосен сопственик на гасната компанија ГА-МА лани во август, откако го плати 32,7 милиони евра половичниот дел на „Макпетрол“. Од оваа година ќе продолжи заедно со АД НЕР, друштвото за изградба на магистралните гасоводи во земјата, како АД Номагас.

Приходите на АД ГА-МА се за 1,3 милиони евра повеќе од една година претходно и вкупно изнесуваат 7,85 милиони евра. Добивката за 2021 е за околу 870.000 евра поголема од една година претходно. Во тековната 2021 исплатена е дивиденда по годишна смета за 2020 во вкупна висина од 115 милиони денари, од кои половината за „Макпетрол“ и половината за Владата.

АД ГАМА и АД НЕР треба да започнат да функционираат заедно до крајот на годината како Номагас. Спојувањето беше услов новоформираното „Номагас“ да добие кредит од 28,9 милиони евра од Европската инвестициска банка за изградба на Интерконекторот за гас од Грција, со кој ќе се овозможи земјава да се снабдува од повеќе различни извори со овој исклучително значаен енергенс. За заемот веќе гарантира државата со посебен закон. Проектот Интерконектор за пренос на природен гас Грција - Северна Македонија е од стратешко значење за нашата држава. АД НЕР и ДЕСФА Атина веќе потпишаа Договор за соработка, со кој двете страни се обврзаа навремено да го изградат Интерконекторот, секој на територијата на својата држава. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Правда за Скопски пазар АД Скопје! Поранешните директори преку застарување на предметот куртулија од затвор, ќе платат ли 655.000 евра за штетата што ја направија?

Правда за Скопски пазар АД Скопје! Поранешните директори преку застарување на предметот куртулија од затвор, ќе платат ли 655.000 евра за штетата што ја направија?

Фактор анализа СТРУМИЦА 2024: Бизнисот „врвa“ иако него го нема! Кои 17 фирми свртеле од 10 до 67 милиони евра?

Фактор анализа СТРУМИЦА 2024: Бизнисот „врвa“ иако него го нема! Кои 17 фирми свртеле од 10 до 67 милиони евра?

„ОхридТурист“ го промени составот на УО со нови луѓе од „Тиквеш“ и „М-6“, додека трае спорот со вториот акционер за продажба на имотот

„ОхридТурист“ го промени составот на УО со нови луѓе од „Тиквеш“ и „М-6“, додека трае спорот со вториот акционер за продажба на имотот

ДАЛИ ЛЕГЕНДАРНИОТ ЏИН СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО КРАЈОТ? Првиот штрајк во историјата на компанијата, илјадници работници ги губат своите работни места

ДАЛИ ЛЕГЕНДАРНИОТ ЏИН СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО КРАЈОТ? Првиот штрајк во историјата на компанијата, илјадници работници ги губат своите работни места

ПАСОШИТЕ НАСКОРО ЌЕ БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ ОД УПОТРЕБА: Новата ера започнува

ПАСОШИТЕ НАСКОРО ЌЕ БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ ОД УПОТРЕБА: Новата ера започнува

ШТО ТОЧНО НОСИ ТРГОВСКИОТ ДОГОВОР МЕЃУ САД И КИНА? Еве ги сите детали, царината е намалена за 115 проценти

ШТО ТОЧНО НОСИ ТРГОВСКИОТ ДОГОВОР МЕЃУ САД И КИНА? Еве ги сите детали, царината е намалена за 115 проценти

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЕКОНОМИЈАТА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ: Колкав раст очекува?

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЕКОНОМИЈАТА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ: Колкав раст очекува?

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

ММФ СО ПРОЕКЦИЈА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ВО 2026 ГОДИНА: Најниска во Швајцарија, највисока во Турција, е еве каде е Македонија

ММФ СО ПРОЕКЦИЈА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ВО 2026 ГОДИНА: Најниска во Швајцарија, највисока во Турција, е еве каде е Македонија