ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МО ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Николиќ ја напушта функцијата од лични и здравствени причини
Објавено во: Македонија 02 Септември, 2022 10:43
Од лични и здравствени причини, како што се наведува во
оставката, Драган Николиќ поднесе оставка на функцијата државен секретар во
Министерството за одбрана. Николиќ беше државен секретар во одбраната повеќе од
5 години, поточно од 28 јуни 2017 до 1 септември 2022 година.
Во периодот кога Николиќ беше поставен на оваа висока функција во Министерството, Република Северна Македонија стана полноправна членка на Алијансата, а во рамките на институцијата беа направени значајни чекори во однос на подобрувањето на условите за работа и статусот на припадниците на Армијата, а беа започнати и досега најголемите процеси на модернизација и опремување.
Министерството за одбрана и Армијата, му се заблагодаруваат на господинот Николиќ за досегашниот ангажман на позицијата државен секретар и неговиот личен придонес во развојот на институционалните капацитети.
фото: МИАМожеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




