17 Декември, 2025
0.0512

ДРЖАВНИТЕ РЕВИЗОРИ ЛАНИ „ПРОЧЕШЛАЛЕ“ ДУРИ 12 МИЛИОНИ ЕВРА СОБРАНИ И ПОТРОШЕНИ ДРЖАВНИ ПАРИ - Објавен Годишниот извештај за работата на ДЗР

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2022 15:14

Добивај вести на Viber

Државниот завод за ревизија ја финализираше Годишната програма за работа за 2021 година, доставувајќи го Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2021 година до Собранието на Република Северна Македонија.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски во своето воведно обраќање во извештајот наведува:

“...покрај тешкотиите предизвикани од глобалната пандемија од КОВИД-19, Државниот завод за ревизија успеа да ги исполни сите законски услови и рокови за ревизија на работата, зголемувајќи го опфатот на ревидирани расходи во однос на вкупните буџетски средства, а значително се подобрени и показателите за спроведувањето на ревизорските препораки и во исто време зголемена е додадената вредност од извршените ревизии пред се во делот на висината на утврдените помалку пресметани, помалку вратени односно помалку уплатени средства во Буџетот на Република Северна Македонија“

Во 2021 година ДЗР изврши вкупно 68 ревизии со кои беа опфатени 136 субјекти предмет на ревизија. Како резултат на извршените ревизии се издадени вкупно 109 конечни ревизорски извештаи, и тоа: 56 извештаи за ревизија на регуларност, 3 извештаи за извршена ревизија на усогласеност, 7 извештаи од извршена ревизија на успешност и 2 извештаи за извршена ИТ ревизија.

Со извршените ревизии утврдени се 1.170 наоди и издадени се вкупно 654 препораки. Во текот на ревизиите  беа констатирани  слабости во работењето на субјектите кои биле предмет на ревизија како и во  законската регулатива за кои ДЗР има дадено  мислење и  препораки за подобрување на состојбите.

Со извршените ревизии во 2021 година опфатени се вкупно 511.923 милиони денари јавни приходи и 236.060 милиони денари јавни расходи (вкупно 12 милиони евра - н.з.). Во 2021 година значително се подобрени и показателите за спроведувањето на ревизорските препораки, односно постапено е за 88 отсто од издадените препораки, што укажува дека придонесот на ДЗР кон заштита на средствата на даночните обврзници е значајна.

Целосната содржина на Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2021 година (македонска/албанскаможете да ги преземете од следните линкови:

https://dzr.mk/sites/default/files/2022-06/2021-godisen-izvestaj-dzr-mk… (македонска верзија)

https://dzr.mk/sites/default/files/2022-06/2021-godisen-izvestaj-dzr-sq… (албанска верзија)

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски