20 Декември, 2024
0.0299

ДСЗИ: Пропусти имало во случајот со 7 месечното бебе кое почина на Детската клиника

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Пропусти имало во случајот со 7 месечното бебе кое почина на Детската клиника. 

Детето не било хоспитализирано како итен случај, а родителите не добиле писмено известување за тоа.  Инспекторите на увид ја имале документацијата дека и покрај високата температура и црвенилото, бебето било пратено дома со родителите и со терапија откако претходно било препраќано и на Дерматологија и  Инфективната клиника. Два дена подоцна направиле болнички прием, но веќе било во многу тешка состојба. 

Здравствениот инспекторат утврди дека имало пропусти. На клиниката уште не е решен проблемот со задолжително присуство на специјалист во дежурната амбуланта, за што веќе се води постапка. И понатаму медицинска документација се креира од лекари кои не се присутни на работа  за што и претходно беше издадено решение од инспекторатот. Констатирани се неправилности и во евиденцијата за прием на пациенти. 

„Доколку прием не е извршен, установата е должна да издаде писмено образложение за причините за одбивањето на приемот за болничко лекување. Наведената законска обврска е казнива согласно член 306 од Законот за здравствената заштита заради што ДСЗИ ќе спроведе нова постапка за порамнување према правното лице ЈЗУ УК за дeтски болести како и против одговорното лице во установата“, велат од ДЗСИ.

Веќе е формирана Комисија која ќе прави стручен надзор за случајот со седуммесечното бебе чиј татко реагираше затоа што не го хоспитализирале навреме, и со тоа биле принудени цела недела да одат по лекари. 

Неколку деца починаа на оваа клиника во последниве три месеци. Dets

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Адвокатот на Груби поднел жалба за притворот, а полицијата поднесе кривична за бегството

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Адвокатот на Груби поднел жалба за притворот, а полицијата поднесе кривична за бегството

(ВИДЕО) ДИМИТРИЕВСКИ: Вечерва се врши аеросолизација во централното градско подрачје на Куманово

(ВИДЕО) ДИМИТРИЕВСКИ: Вечерва се врши аеросолизација во централното градско подрачје на Куманово

НЕМА КРАЈ ЗА ИЗМАМИТЕ: Тетовчанка барала донација за болно лице, а добила брз кредит

НЕМА КРАЈ ЗА ИЗМАМИТЕ: Тетовчанка барала донација за болно лице, а добила брз кредит

(ВИДЕО) НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО: Автобус удри во стадо крави

(ВИДЕО) НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО: Автобус удри во стадо крави

ТОШКОВСКИ: Ќе има кривична одговорност за бегството на Груби

ТОШКОВСКИ: Ќе има кривична одговорност за бегството на Груби

АДВОКАТОТ ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Груби побарал укинување на притворот

АДВОКАТОТ ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Груби побарал укинување на притворот

Финансова полиција влезе во Торакална, се проверуваат јавните набавки во изминатите седум години

Финансова полиција влезе во Торакална, се проверуваат јавните набавки во изминатите седум години

САРАЕВО, ПРИШТИНА, СКОПЈЕ, БЕЛГРАД: Овие градови се во топ 20 најзагадени во светот

САРАЕВО, ПРИШТИНА, СКОПЈЕ, БЕЛГРАД: Овие градови се во топ 20 најзагадени во светот

ВНИМАВАЈТЕ: Измамници се претставуваат во име на Македонски пошти за да извлечат пари

ВНИМАВАЈТЕ: Измамници се претставуваат во име на Македонски пошти за да извлечат пари