20 Декември, 2024
0.0353

НЕМА КРАЈ ЗА ИЗМАМИТЕ: Тетовчанка барала донација за болно лице, а добила брз кредит

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Наместо донација за болно лице, тетовчанка добила брз кредит. 

Во СВР Тетово вчера во 15 часот, 28-годишна жена од тетовско село пријавила дека едно лице се обидело да ја измами. Лицето ја контактирало на социјална мрежа и се понудило да даде донација за нејзиниот болен брат, при што побарало да му испрати лична карта и трансакциска сметка од лице кое е во работен однос.

Набргу на сметката на нејзината мајка пристигнале 19.000 денари, за кои им рекол да ги подигнат и нему да му дадат 15.000 денари, додека останатите 4.000 денари ги остава за донација. Кога отишле во банка им кажале дека парите кои им биле пуштени на сметка потекнуваат од брз кредит на нејзино име, по што веднаш е реагирано и парите биле вратени на испраќачот. Вакви измами имаше многу во минатото. Иако пролетва медиумите пишуваа дека со новиот правилник на Министерството за финансии, веќе нема да се даваат вакви кредити „на слепо“ само со лична карта која може да е украдена или изгубена, сепак овој пример покажува дека во пракса злоупотребите си продолжуваат. Беше најавено дека ќе има строга проверка пред да се одобри кредитот, но луѓето биле затечени дека со нивни податоци е земен брз кредит. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Адвокатот на Груби поднел жалба за притворот, а полицијата поднесе кривична за бегството

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Адвокатот на Груби поднел жалба за притворот, а полицијата поднесе кривична за бегството

(ВИДЕО) ДИМИТРИЕВСКИ: Вечерва се врши аеросолизација во централното градско подрачје на Куманово

(ВИДЕО) ДИМИТРИЕВСКИ: Вечерва се врши аеросолизација во централното градско подрачје на Куманово

(ВИДЕО) НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО: Автобус удри во стадо крави

(ВИДЕО) НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО: Автобус удри во стадо крави

ДСЗИ: Пропусти имало во случајот со 7 месечното бебе кое почина на Детската клиника

ДСЗИ: Пропусти имало во случајот со 7 месечното бебе кое почина на Детската клиника

ТОШКОВСКИ: Ќе има кривична одговорност за бегството на Груби

ТОШКОВСКИ: Ќе има кривична одговорност за бегството на Груби

АДВОКАТОТ ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Груби побарал укинување на притворот

АДВОКАТОТ ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Груби побарал укинување на притворот

Финансова полиција влезе во Торакална, се проверуваат јавните набавки во изминатите седум години

Финансова полиција влезе во Торакална, се проверуваат јавните набавки во изминатите седум години

САРАЕВО, ПРИШТИНА, СКОПЈЕ, БЕЛГРАД: Овие градови се во топ 20 најзагадени во светот

САРАЕВО, ПРИШТИНА, СКОПЈЕ, БЕЛГРАД: Овие градови се во топ 20 најзагадени во светот

ВНИМАВАЈТЕ: Измамници се претставуваат во име на Македонски пошти за да извлечат пари

ВНИМАВАЈТЕ: Измамници се претставуваат во име на Македонски пошти за да извлечат пари