19 Декември, 2024
0.0577

ТОШКОВСКИ: Ќе има кривична одговорност за бегството на Груби

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска најави кривична одговорност за бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби. 

Тошковски најави дека полицијата поседува запис на кој точно се гледа дека полицаецoт од граничната полиција го прекршил законот и дека против него ќе биде поднесена пријава.

„Благодарност до Кузеска и СДСМ бидејќи повторно покажаа дека единствено нешто што покажаа е дека можат да ги лажат граѓаните и јавноста. Сите докази кои се во насока на расветлување на случајот за лицето кое сега е недостапно за органите на прогонот и оваа постапка сега се обезбедни од Министерството за внатрешни работи. МВР поседува запис на кој јасно се гледа повреда на закон и оперативните процедури од страна на полициски службеник кој во тој момент бил во служба на граничната полиција. Наредниот ден се спроведени сите истражни постапки и е известено надлежното обвинителство. Во текот на денешниот ден, по консултација со надлежниот јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава која утре ќе биде поднесена до обвинителството. Исто така од МВР е изречена суспензија за предметното лице. Исто така, можам да изјавам, дека ниту лично го познавам предметното лице, ниту сум потпишал или издал каков било акт тоа да биде назначено да работи во граничната полиција на Македонија“, вели Тошковски.

Груби избега од државата. За него е определен притвор од 30 дена. Штом ќе биде достапен на органите на прогонот, притворот ќе се активира. 

Груби преку адвокатот побарал укинување на притворот. Тој е осомничен за милионски криминал во Државна лотарија. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Адвокатот на Груби поднел жалба за притворот, а полицијата поднесе кривична за бегството

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Адвокатот на Груби поднел жалба за притворот, а полицијата поднесе кривична за бегството

(ВИДЕО) ДИМИТРИЕВСКИ: Вечерва се врши аеросолизација во централното градско подрачје на Куманово

(ВИДЕО) ДИМИТРИЕВСКИ: Вечерва се врши аеросолизација во централното градско подрачје на Куманово

НЕМА КРАЈ ЗА ИЗМАМИТЕ: Тетовчанка барала донација за болно лице, а добила брз кредит

НЕМА КРАЈ ЗА ИЗМАМИТЕ: Тетовчанка барала донација за болно лице, а добила брз кредит

(ВИДЕО) НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО: Автобус удри во стадо крави

(ВИДЕО) НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО: Автобус удри во стадо крави

ДСЗИ: Пропусти имало во случајот со 7 месечното бебе кое почина на Детската клиника

ДСЗИ: Пропусти имало во случајот со 7 месечното бебе кое почина на Детската клиника

АДВОКАТОТ ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Груби побарал укинување на притворот

АДВОКАТОТ ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Груби побарал укинување на притворот

Финансова полиција влезе во Торакална, се проверуваат јавните набавки во изминатите седум години

Финансова полиција влезе во Торакална, се проверуваат јавните набавки во изминатите седум години

САРАЕВО, ПРИШТИНА, СКОПЈЕ, БЕЛГРАД: Овие градови се во топ 20 најзагадени во светот

САРАЕВО, ПРИШТИНА, СКОПЈЕ, БЕЛГРАД: Овие градови се во топ 20 најзагадени во светот

ВНИМАВАЈТЕ: Измамници се претставуваат во име на Македонски пошти за да извлечат пари

ВНИМАВАЈТЕ: Измамници се претставуваат во име на Македонски пошти за да извлечат пари