ФАКТОР НА ДЕНОТ: Адвокатот на Груби поднел жалба за притворот, а полицијата поднесе кривична за бегството
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2024
АДВОКАТОТ НА ГРУБИ ПОДНЕЛ ЖАЛБА ЗА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР
Екс вицепремиерот, Артан Груби, се жали на решението за притвор. Жалбата за укинување на 30 дневниот притвор е поднесена денеска до Кривичниот суд. Ja поднел адвокатот Владимир Доневски. Мерката е одредена заради опасност од бегство и влијание врз сведоци, а притворот ќе стане ефективен веднаш штом Груби ќе биде достапен за органите на прогонот.
Уште пред да дознае дека е осомничен за криминал вреден 8 милиони евра, Груби објави дека е на Косово и дека планира да се врати во земјава.
Жалба со која се бара укинување на притворот најави и бранителот на Перпарим Бајрами. Според одбраната, тој не побегнал од Македонија, туку подолго време живеел и работел во странство. Адвокатот Антонио Апостолски тврди дека досега не контактирал со клиентот, а полномошно да го застапува добил од семејството на Бајрами.ТОШКОВСКИ НАЈАВИ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА БЕГСТВОТО НА ГРУБИ
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска најави кривична одговорност за бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби.
Тошковски најави дека полицијата поседува запис на кој точно се гледа дека полицаецoт од граничната полиција го прекршил законот и дека против него ќе биде поднесена пријава.
„Благодарност до Кузеска и СДСМ бидејќи повторно покажаа дека единствено нешто што покажаа е дека можат да ги лажат граѓаните и јавноста. Сите докази кои се во насока на расветлување на случајот за лицето кое сега е недостапно за органите на прогонот и оваа постапка сега се обезбедни од Министерството за внатрешни работи. МВР поседува запис на кој јасно се гледа повреда на закон и оперативните процедури од страна на полициски службеник кој во тој момент бил во служба на граничната полиција. Наредниот ден се спроведени сите истражни постапки и е известено надлежното обвинителство. Во текот на денешниот ден, по консултација со надлежниот јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава која утре ќе биде поднесена до обвинителството. Исто така од МВР е изречена суспензија за предметното лице. Исто така, можам да изјавам, дека ниту лично го познавам предметното лице, ниту сум потпишал или издал каков било акт тоа да биде назначено да работи во граничната полиција на Македонија“, вели Тошковски.ОБЈАВЕНО Е КОЛКУ ПАРИ ДОБИЛЕ СЕВЕРИНА, РОЗГА И ДРУГИ ПЕЈАЧИ ОД ОПШТИНИТЕ
Само од јануари до октомври годинава, општините на пејачи и на други забавувачи потрошиле 961 илјада евра. До крајот на 2024 година, се очекува дека сумата ќе надмине еден милион евра.
Минатата година за истата намена биле потрошени 1 милион и 11 илјади евра, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за исплатите за трошоците на општините за забавни манифестации.
Најскапо платена, годинава, е Северина, за која Крива Паланка издвоила 25 илјади евра. Сепак, според истражувањето, годинава најмногу пари добила Јелена Розга – 42 илјади евра, за два настапа, во Берово и во Штип.ГРАЃАНИТЕ КУПУВААТ ВОДА ЗАТОА ШТО Е НАЈАВЕН ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ
По најавата на „Водовод и канализација“ дека од петок вечер па во текот на сабота, ќе биде затворен главниот градски цевковод, Скопјани деновиве масовно прават залихи со вода.
Во маркетите и продавниците се бара шише плус, а рафтовите некаде се целосно испразнети а некаде едвај може да се најде по некое останато шише.
„Сосема е оправдана паниката на граѓаните. Со оглед на тоа што се најави дека не е познато до кога нема да има вода, граѓаните сакаат да бидат обезбедени со вода. За нас како продавачи не е сеедно, бидејќи во зимскиот период немаме залихи како што правиме летно време, па тоа претставува дополнителна работа“, вели сопственичка на мал дуќан во Карпош.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Образованието е темелот на секое општество што се стреми кон напредок, а инклузивното образование претставува неговото највисоко достигнување. За учениците со попреченост, пристапот до образование не е само право, туку и клуч за нивната интеграција, развој и исполнување на потенцијалот. Токму тука на сцена стапуваат образовните асистенти, кои секојдневно ја намалуваат разликата помеѓу изолираност и инклузија.На тендерот за снабдување со струја на Градот Скопје се јавиле две фирми од кои како најповолна е одбрана таа што дала пониска трговска маржа. Од вкупните 3,25 милиони евра Градот Скопје за струја ќе плати 2,75 милиони евра, за трговска маржа 413.000 евра и за ДДВ уште 496.000 евра. Дури 80% од струјата е наменета за уличното осветлување на јавни површини, булевари и улици кои се надлежност на Град Скопје
Иако се мало акционерско друштво и немаат обврска да објавуваат ревидирани финансиски извештаи, од Златара Рубин сепак ги споделија со јавноста финасиските резултати од работењето во минатата година. Се разбира, тие ги прикажуваат само основните бројки, односно приходите и нето добивката што биле остварени во 2023 година.
Пушачите во Македонија трошат по неколку илјади денари месечно за купување на цигари, а истите пари би можеле да ги инвестираат во образование или да штедат за во иднина и со тек на време да си купат скромен недвижен имот.
Вчера беше своевиден историски ден за Македонската берза, имено македонскиот берзански индекс МБИ10 ја помина психолошката граница од 10.000 поени.Штедилниците во земјава ќе имаат поголеми овластувања. Ова се овозможува со измените на Законот за банки кој веќе е Собранието. Се планира усогласување со Законот за платежни услуги и платни системи, во делот на работењето на штедилниците,ќе се овозможи проширување на услугите кои ќе може да ги прават за клиентите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.