ДУДА НЕ САКАШЕ ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ЗАЕДНИЧКАТА ФОТОГРАФИЈА ВО БАКУ: Му пречеше еден од лидерите
Објавено во: Свет 12 Ноември, 2024
На маргините на климатскиот самит во Баку во Азербејџан, се случи скандал.
Полскиот претседател, Анджеј Дуда, одбил да биде на заедничка фотографија со другите лидери на климатскиот самит COP29 бидејќи, како што неофицијално дознава полската новинска агенција ПАП, не сакал да се најде на иста фотографија со белорускиот претседател, Александар Лукашенко.
Од истата причина, лани Дуда не се сликаше за заедничка фотографија на учесниците на климатскиот самит COP28 во Дубаи, наведува ПАП.
Климатскиот самит на Обединетите нации се одржува секоја година, а оваа година средбата беше организирана во главниот град на Азербејџан, Баку, под слоганот „Во солидарност за зелен свет“.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.