15 Јануари, 2025
0.0276

Дукат го повлекува млекото од Македонија, сега се проверува српски „Имлек“

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Претставништвото на „Дукат“ во Македонија одлучи да ги повлече од продажба сите млека од брендот што се наоѓаат на македонскиот пазар иако македонската Агенцијата за храна и ветеринарство потврди дека се безбедни, односно дека не содржат штетни материи над законски пропишаните количини.

„Следната пратка од било кое од млеката на Дукат која ќе биде испорачана во продажната мрежа во Македонија, покрај сите редовни микробиолошки контроли на млекото кои се спроведуваат согласно законските прописи и правилници, ќе помине и низ новиот паралелен систем за контрола на присуството на афлатоксин М1 во суровото млеко, што компанијата Дукат прва во регионот дополнително го воведува во сите свои производствени капацитети, иако според законската регулатива тоа не е обврска на млекарниците“ се вели во денешното соопштение од Дукат. Според соопштението, на таков начин, производите на Дукат од новата серија, која за краток временски период ќе биде испорачана на македонскиот пазар, ќе бидат првите и засега единствени двојно проверени и сигурни млека на пазарот. Повлекувањето од продажните места ќе се однесува само на трајните млека. Останатите млечни производи, јогуртите, киселите млека, сирењата, намазите, нема да бидат повлечени зашто, бидејќи како што велат од компанијата, се веќе потврдено проверени. Претставништвото на Дукат во земјава се одлучи на овој чекор со единствена цел да ја поврати довербата кај потрошувачите во безбедноста и квалитетот на млеката на Дукат и воедно да ги увери потрошувачите дека нема причина да чувствуваат несигурност и страв при нивната консумација. Проблематично е српското млеко „Моја кравица“  Од увезените млека од Србија спорна е единствено одредена количина од производот „Моја кравица“ 2,8% масленост и со рок на траење до 14 август„ 2013.4EN 10’, од производителот Имлек Белград, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија. Според соопштението од Агенцијата, инспекторите по вчера добиеното официјалното известување од српската Управа за ветеринарство за повлекување од продавниците во Србија на повеќе видови млеко од различни производители, кај кои е утврдено зголемено присуство на афлатоксин М1 над дозволените граници, веднаш излегле на терен и започнале со контролите на продажните места и во магацините на увозниците. Целокупната увезена количина се наоѓа во магацините на увозникот, што значи дека спорниот производ не е пуштен во промет, велат од македонската Агенција за храна. Каква е состојбата со млекото кое се продава во земјава  ќе се знае викендов. До тогаш треба да бидат готови анализите на примероците земени речиси од сите млека кои ги има во нашите продавници,стои во соопштението. И во Србија и Црна Гора се повлекува млеко од маркетите Голем број од маркетите во Србија го повлекуваат спорното млеко за кое има сомнежи дека соддржи ниво на афлатоксин повисок од дозволеното, пренесува денеска Танјуг.

Српските медиуми пренесуваат и дека  продажбата на млеко и млечни производи е опадната, а во некои градови дури и за третина, додека потрошувачите се јавуваат и се распрашуваат дали можат да го вратат млекото што веќе го купиле на акциите во поголеми количества.

Управата за ветеринарство при Министерството за земјоделие објави список со примероци од 39 видови млеко на шест производители во Србија за кои се сомнева дека соддржат афлатоксин во недозволени количества.Спорно е млекото на Млкарницата Суботица, мегле од Крагуевац, Нишката млекарница, Млекарницата Шабац, Млекарницата Сомболед и Имлек од Белград.

Министерството за земјоделија на Црна Гора пак побара да се повлече млекото на шест производители од Србија и БиХ, во кои е откриена висока концентрација на афлатоксин.Ветеринарната управа исто така побара дополнително да се преконтролираат и црногорските производители на млеко. Според наодите на центарот, контаминирани се млеката од Млекара Ниш, Имлек- Белград, Имлек – козарска Дубица, Концерн Фрамаком М.Б Шабац , Мегле Крагуевац и Милкоп Рашка.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања