04 Декември, 2024
0.0295

ДУРИ 15 ПРЕТСТАВКИ ПРЕД УСТАВНИОТ СУД ЗА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ – можен ли е правен хаос на штета на граѓаните и фирмите

Објавено во: Економија 07 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Дури 15 претставки се поднесени до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на измените на Законот за облигациони односи, кои беа донесени во јули оваа година.

До овие информации дојде Фактор од Уставниот суд, од каде потврдија дека се поднесени 15 претставки, а меѓу оние кои ја оспоруваат уставноста, според информациите, се и Адвокатската комора, потоа неколку поединечни адвокати, Нотарската комора, како и Комората на извршители. Она што е познато е и дека околу овие претставки веќе се оформени предмети, и за нив допрва ќе се испитуваат наводите, по што ќе може да се произнесат уставните судии.

Во поднесените претставки до Уставниот суд, освен преиспитување на уставноста на одредени членови во законот, се укажува дека со измените се создава нееднаква положба помеѓу должниците и доверителите, бидејќи казнената камата ја губи својата правна и финансиска смисла, што ќе има негативни последици. Ваквите измени ќе ги поттикнат неплаќачите на поголема финансиска недисциплина, а граѓаните и правните лица кои редовно ги подмируваат своите обврски се ставаат во нерамноправна ситуација.

Нашите сознанија говорат и дека покрај за Законот за облигациони односи, претставки има и за Законот за извршување. Дали сите поднесоци ќе се разгледуваат поединечно, или ќе се офопрми еден предмет, Уставниот суд набргу ќе го каже сввоето мислење. 

А, како што е познато, клучните поенти на измените на Законот за облигациони односи се дека со нив се намалува рокот на застареност на долгот од 10 на пет години, а исто така се ограничува каматата во смисла таа да не може да го надмине главниот долг.

„Законските измени кои беа донесени во јули оваа година, а чија цел беше да се избришат долговите на граѓаните, креираат несигурност, но и финансиски загуби кај фирмите. Непрецизноста на одредбите, како и ретроактивното важење на законот практично ги наградуваат граѓаните кои не ги исполнуваат навреме своите обврски“, коментираат тие за Фактор.

Измените на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување, за кој исто така се пдонесени представки до Уставниот суд значајно влијаат на наплатата на комуналните услуги, кои и онака имаат ниска стапка на наплата, особено во делот на потрошувачката на вода.

„Граѓаните кои досега не ги плаќале своите обврски, сега имаат дополнителен мотив за тоа. Од друга страна стимулирањето на неплаќањето и ретроактивноста на законот, не само што не влијаат кон намалување на извршителската такса, туку таа сега ќе им биде пресметувана на фирмите-доверители, што ќе биде дополнителен финансиски притисок на фирмите. Всушност, тоа би значело дека фирмите-доверители нема да можат да го наплатат долгот од должниците, а притоа ќе треба и да платат извршителска такса за предметите кои се на извршување. Товарот на фирмите ќе се одрази во формирањето на цените, што повторно ќе се одрази на џебот на граѓаните, а ова особено се однесува на комуналните услуги, струјата, телекомуникациските услуги и слично“, коментираат познавачите за Фактор.

Поттикнувањето на финансиска недисциплина ќе влијае и на зголемување на цените на комуналиите, бидејќи финасиските загуби од ненаплатените побарувања на компаниите за телекомуникациски услуги, струја, вода и парно ќе предизвикаат раст на цените на овие услуги. 

Адвокатската комора, во мислењето кое го испрати до пратениците пред донесувањето на законот предупреди на правниот хаос и несигурност кој ќе се донесе во земјата, што ќе придонесе кон зголемување на измами и ќе биде на штета не само на правосудството, туку и на економијата во земјата. Со сличен став за штетноста на законот се и од Здружението на даватели на јавни услуги кои во реакцијата испратена до Собранието посочуваат дека законот ќе ги доведе јавните претпријатија во негативна финансиска состојба, поради што ќе бидат приморани да ја зголемат цената на комуналните услуги.

Инаку, измени на Законот за облигациони односи беа предложени уште во 2019 година од пратеникот Самка Ибраимовски, но по јавната расправа која се одржа во Собранието, а на која присуствуваа преставници од академската заедница, бизнис коморите, Адвокатската комора, комората на извршители и останати засегнати страни, тие не беа усвоени од Собранието.

Р.Ф. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ САКАТЕ ДА КУПИТЕ ИМОТ ВО ЕВРОПА? Еве каде може да ги најдете најевтините

ДАЛИ САКАТЕ ДА КУПИТЕ ИМОТ ВО ЕВРОПА? Еве каде може да ги најдете најевтините

КИНА СО КОНТРАУДАР - воведува забрана за извоз на три метали во САД

КИНА СО КОНТРАУДАР - воведува забрана за извоз на три метали во САД

БОЖИНОВСКА: Македонија до 2030 со 15.000 зелени работни места, помали сметки за струја - зелени можности за соработка и со Германија

БОЖИНОВСКА: Македонија до 2030 со 15.000 зелени работни места, помали сметки за струја - зелени можности за соработка и со Германија

ДА ПОЧНЕ ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО: Локалните власти во Ќустендил бараат изградба на автопатот и пругата до Македонија

ДА ПОЧНЕ ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО: Локалните власти во Ќустендил бараат изградба на автопатот и пругата до Македонија

ФИРМИТЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ: Над 10.000 слободни работни места има во Македонија

ФИРМИТЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ: Над 10.000 слободни работни места има во Македонија

ЛЕВИЦА: Не за пензија на 67 години - пензионерите нема да ги плаќаат грешките на системот

ЛЕВИЦА: Не за пензија на 67 години - пензионерите нема да ги плаќаат грешките на системот

Божиновска во ХЕЦ Тиквеш - водостојот на критичното ниво, последица од несовесно управување – времето за акција е сега

Божиновска во ХЕЦ Тиквеш - водостојот на критичното ниво, последица од несовесно управување – времето за акција е сега

Јанкоски во „Бизнис клуб“: Потребна е поголема афирмација на успешните македонски бизнисмени

Јанкоски во „Бизнис клуб“: Потребна е поголема афирмација на успешните македонски бизнисмени

НЕМА ДА ИМА ПОНИСКА ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Оваа компанија ги зголемува платите од 1. јануари

НЕМА ДА ИМА ПОНИСКА ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Оваа компанија ги зголемува платите од 1. јануари