Дури воздухот е загаден бесплатно ќе се возиме со автобус, реши Коце Трајановски
Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2017
Една од главните мерки која град Скопје ја донесе по огромниот притисок на јавноста е бесплатен превоз во градските автобуси на ЈСП и приватните превозници се дури воздухот во Скопје е неколкукратно над дозволените граници.
Трајановски апелираше сите скопски градоначалници да помогнат во финансиско субвенционирање на јавниот градски превоз.
Таткото на градот ги повика граѓаните од утре да ги остават автомобилите и да одат на работа со автобус.
Оваа времена мерка ќе трае се додека нивото на загадување не се намали до дозволеното ниво, а Коце рече дека и тој самиот че оди на работа со автобус.