Дурмиши: Во март, минималната плата ќе се зголеми за 2.000 денари
Објавено во: Економија 13 Ноември, 2025 13:30
Бесар Дурмиши,министерот за економија, на денешниот брифинг со новинарите рече дека минималната плата во март 2026 година ќе се зголеми за околу 2.000 денари.
Сепак вонредно зголемување на минималната плата нема да има,туку се работи за законско зголемување според растот на просечната националан плата на годишно ниво што задолжително секоја година се менува во месец март по законските измени што ги направи минатата власт.
Во меѓувреме, Сојузот на синдикати на Македонија продолжува да инсистира на барањето минималната плата да достигне 500 евра.
Моментално, минималната плата во земјата е 24.379 денари нето месечно.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




