ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ ТЕПАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ - тупаници, влечење, искината униформа..., за едниот се бара и притвор
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2022 10:25
Основното јавно обвинителство Битола повело постапка против две лица, од кои за едниот постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, додека другиот сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.
„Двајцата битолчани, на 22 мај, на паркингот пред Спортската сала „Боро Чурлевски“, физички нападнале тројца полициски службеници кои вршеле работи на јавната безбедност – обезбедување на спортски натпревар.
Осомничените се затрчале кон навивачите на кошаркарскиот клуб МЗТ – Скопје кои влегувале во салата со полициска придружба и не ја послушале усната наредба од полициските службеници да застанат.
Првоосомничениот со тупаници ги удирал оштетените полициски службеници, нанесувајќи им телесни повреди. Вториот осомничен, пак, ги влечел при што му ја искинал службената униформа на еден од полицајците.
За првоосомничениот до судијата на претходна постапка надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор, со оглед на тоа што тој и претходно се јавувал како сторител на кривични дела, па би можел да го повтори делото или да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон“, се вели во соопштението од Обвинителството.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




