ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА МИЈАЛКОВ, ТАЧИ И ОСТАНАТИТЕ ОБВИНЕТИ ВО „ТИТАНИК 2“ - Бубевски нема да се жали за да не застари делото

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2023
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи, заедно со поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими од ДПА, како и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ добија по две години затвор за изборни нерегуларности.
Со новата, втора по ред осуднителна пресуда што ја донесе Основниот кривичен суд Скопје обвинетите се огласени за виновни за случајот „Титаник 2“.
Кривичното дело за Мијалков застарува во април годинава ако пресудата до тогаш не стане правосилна.
Истрагата за случајот на тогашното Специјално јавно обвинителство почна на 12 февруари 2016, а обвинението беше поднесено на 29 јуни 2017 година. Мијалков и Тачи беа обвинети за договарање за гласање во Државната изборна комисија (ДИК) за приговор поднесен од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во Струмица во 2013 година.
Мијалков беше обвинет за примање награда за противзаконито влијание, а другите беа обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања. Мијалков доби три години затвор, Тачи три години и два месеци, четири години и шест месеци доби Ибраими, а останатите членови на ДИК беа осудени на по три години.
За да не застари делото, обвинителот Гаврил Бубевски кој ги гонеше Сашо Мијалков и Мендух Тачи во „Титаник 2“ за изборни нерегуларности, посочи дека нема да поднесе жалба на пресудата. Тој за медиумите објасни дека со цел да не се одолговлекува постапката пред Апелација, што би донело застарување на делото за Мијалков, нема да поднесе жалба на пресудата. Тој е задоволен од казните изречени во Кривичниот суд, по вторпат.
- Со оглед дека секоја жалбена постапка кога има жалба од двете страни веќе се обременува предметот. Од страна на Обвинителството во овој случај јас не би поднел никаква жалба во однос на казната и мислам дека е во рамките на она што е предвидено со закон, а токму и тоа да се спречи одолжување на постапката за да може апелација да одлучи во законски предвидениот рок - кажа Бубевски.
- Ако тие поднесат ќе има жалбена постапка но, кога едниот се жали, другата страна има одговор на жалба, веќе се зголемуваат роковите што се постапува, јас како оној што постапува по предметот и што учестуваваше во постапката сметам дека овие казни во ваква ситуација се доволни. Оптимално е тоа, обвинителство нема да има никаков процесен акт за да може времето да го скрати“, додаде Бубевски.
Можеби ќе ве интересира
ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА НЕМА ДА СЕ НОСИ СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ: Министерството за правда со реакција до Мицкоски

Бронзен медал за Петар Заборски од „Макпетрол“ на светската карате лига

ЗАТВОРЕНИ 10 МАРКЕТИ ВО СКОПЈЕ, КУМАНОВО, КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДАРЦИ, ТЕТОВО И СТРУГА: Директорот на ДПИ соопшти детали откако цените се намалени

ПОЧИНА Д-Р ТОДОР ПИПЕРКОВСКИ: „Прерано“, колегите и пријателите се збогуваат
ВО ОКТОМВРИ ТОПЛО СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 28, ЗИМАТА ПОСТУДЕНА СО ПОВЕЌЕ СНЕГ: Анализа за времето во Македонија
МАЈКАТА САКАЛА ДА ГО ПРИКРИЕ УБИСТВОТО ШТО ГО СТОРИЛ СИН И : Таа е осомничена за предизвикување на пожар во Хром

МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ ГО ИСТРЧА ПОЛУМАРАТОНОТ: За саат и 47 минути претрча 21 километар

KРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА СКОПЈАНЕЦОТ ШТО ГО ЗАПАЛИ СТАНОТ ВО ХРОМ: Сакал да го прикрие убиството на 35-годишниот човек кој го убил во станот што изгоре

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија пет години од референдумот за Преспанскиот договор, Заев повика на одговорност
