Две лица уапсени поради киднапирање и закани упатени кон трето лице
Објавено во: Македонија 27 Мај, 2022
Полицијата уапсила две лица кои киднапирале трето лице поради наводен долг, објави МВР, а акцијата се одвивала во текот на вчерашниот ден во вечерните часови.
- На 26.05.2022 околу 21:45 часот на булевар „Македонско косовска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир ги лишиле од слобода Х.А.(23) од село Патишка река, скопско и А.С.(23) од Скопје. Тие се сомничат дека физички го нападнале Б.З.(35) од Скопје и со употреба на сила го внеле во возило „Мерцедес“, по што му упатувале закани, поради наводен долг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - пишува МВР во извештајот.