ДВЕ ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ОХРИД, двајца татковци во физичка пресметка со домашните
Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2022 10:02
Во текот на викендов, во орхидскиот регион полицијата реагирала на две пријави за домашно насилство.
Како што информира СВР Охрид, на 25 јуни, добиле две пријави во кои татко ги нападнал сопругата и децата.
- На 25.06.2022 година во 00.25 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода Д.Т.(38) од Охрид. Тој претходно во семејниот дом физички го нападнал малолетниот син, упатил закани кон сопругата и оштетил дел од покуќнината. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава - се наведува во билетенот испратен од СВР Охрид.
Во истиот се истакнува и дека „на 25.06.2022 година во 18.20 часот во СВР Охрид лишен е од слобода И.К.(56) од Охрид кој претходно, во семјниот дом во Охрид, физички ги нападнал сопругата и нивната ќерка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.
Можеби ќе ве интересира
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет




