17 Декември, 2025
0.0520

„Движење за Заедничка Визија” ги посети транспортерите на Блаце

Објавено во: Економија 12 Септември, 2013 09:41

Добивај вести на Viber

Претставници на невладината организација „Движење за заедничка визија“ вчера, кај граничниот премин Блаце, се  сретнаа со претставниците на транспортерите кои веќе неколку дена го држат блокиран граничниот премин кон Косово. Двете страни се согласија, во наредните денови да седнат, да се договорат и да излезат со конкретен проект за решавањето на овој голем проблем. - Под мотото „Отворете ја, односно, одблокирајте ја границата и отстранете ги заземените мерки„ , Невладината организација „Движење за Заедничка Визија„ , преку овој собир се реши да ја изрази големата загриженост од избрзаните политички одлуки на владите на Република Косово и Република Македонија, одлуки со кои ситуацијата ја доведоа до оваа состојба каде што единствени жртви се само граѓаните, компаниите и превезувачите на двете држави. Ние како невладина организација бараме што побрзо двете влади да седнат на заедничка маса и да најдат соодветно решение кое ќе одговара за двете држави, се разбира во корист на граѓаните на овие држави - изјави преседателот на невладината, Круезиу Фитим. Cпоред него, ваквите случки, без разлика на нивнита цел, се анти-исторички, анти-хумани и анти-човечки. - Денес на Балканот и неговиот народ не му требаат Берлински ѕидови, туку слободно движење и соработување помеѓу нив и соработување со западните европски народи. Почитувани премиери и министери, државата не се води со стари инаети, ниту пак со примитивни мислења, слободното движење е човечко право. Нас не не интересираат разните недоразбирања и интересите на локалните групи, ние бараме слобода за движење на ѓраѓаните и стоките - потенцираше Круезиу. Билјана Муратовска, која ги претставува транспортерите, беше воодушена од оваа посета и изјави дека навистина тие се подготвени да се вклучат во иницијативата на оваа невладина организација. - Ова навистина беше едно убаво изненадување за нас. Откако сме тука, ова е прва невладина организација која не посетува. Оваа организација денес ги демонстрира своите граѓански и про-европски способности и ние во секој момент сме подготвени на некој начин да ја подржиме нивната идеја за одблокирање на граничниот премин - истакна Муратовска.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи