Џафери: Двата Илиндени се двата столба врз кои се темели државотворноста на државата
Објавено во: Македонија 02 Август, 2019
Претседателот на собранието, Талат Џафери по повод Илинден, се обрати во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
„Многу
знајни и незнајни јунаци ги дале животите, многу мајчини солзи, но и
многу тажни песни и преданија, се пренесуваат од генерација на
генерација, за сонот да живее“, изјави Спикерот Џафери по повод празникот во
Пелинце.
Џафери, по повод 75 годишнината од првото засадание на АСНОМ и 116
годишнината од Илинденското востание, посочи дека двата Илиндена се
столбови врз кои се темели создавањето и зацврстувњето на државата.